Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари
Агровести

Хоџа: Откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари

Објавено 12/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на договореното производство би требало до понеделник да се заврши.

Во понеделник, на средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании, ќе се утврди точната методологија за распределба на петте милиони евра помош за тутунарите, предвидени со петтиот пакет антикризни мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Целта на овие средства, нагласи Хоџа, е да се исполни ветеното од пред еден месец – дека откупната цена на тутунот нема да биде под 180 денари за килограм.

-Тоа е рамката на средствата што се обезбедени. Во понеделник имаме средба со Сојузот на производители на тутун, Одборот што организира протести и откупните компании и тогаш ќе ја утврдиме точната методологија како ќе се направи тоа. Но, тоа што го ветивме пред еден месец, дека просечната цена нема да биде под 180 денари, со овие средства ќе се обидеме да им помогнеме на тутунарите поради тешката година, истакна министерот, одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Колективниот договор во МЗШВ.

Хоџа информира дека за откуп се останати уште 1.500 тони тутун. Приоритет во моментов е преземање на овие, договорени количини, а потоа ќе се утврди и начинот за откуп на вишоците.

-Откупот на договореното производство би требало до понеделник да се заврши. Потоа, како што утврдивме на минатите заедничлки состаноци, ќе утврдиме како треба да се откупи вишкот, за што се заложија и откупните компании, а дали ќе има потреба за продолжување на законскиот рок ќе се одлучи на состанокот во понеделник и врз основа на тоа ќе се преземат конкретни мерки, објасни Хоџа.

МИА

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:средбатутунХоџа
Претходен напис За првпат се потпиша Колективен договор со кој се уредуваат, статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во МЗШВ
Следен напис Бачовски за динамиката на исплата на субвенциите: Следува исплата за ограничени можности, осигурување, саден материјал…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?