Реакција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа на објавениот ценовник за откуп на грозје од страна на винарската визба „Тиквеш“:
Денес е објавен ценовник од винарската визба “Тиквеш” кој е некоректен и спротивно од тоа што првично сме го договориле на состанокот со сите винарии, во кој состанок учествуваше и преставник на винарската визба “Тиквеш”. Договорот е овој:
* 9 денари за откуп за Смедеревка
* 11 денари за Вранец
Од државата ќе се субвенционираат индивидуалните производителите со дополнителни 4 денари со што ќе ја постигнеме ланската цена.
* 2 денари субвенција ќе помогнеме и за високосортното винско грозје.
Тоа што плус се договоривме беше како да им помогнеме и на винарските визби во делот на извоз на наливно и флаширано вино но остана само да ја утврдиме методологијата за субвенционирање на 30% на транспортот на флаширано вино односно 20% на транспортот на наливното вино.

Од ова што првично сме договорени ние немаме намера да остапиме, така да очекувам од винарската визба “Тиквеш” да го повлече овој ценовник и да постапи според договореното на заедничкиот состанок.
Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
