Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Нашето грозје е со висок квалитет, нашите вина се надалеку познати по богатството на вкусови и ароми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Нашето грозје е со висок квалитет, нашите вина се надалеку познати по богатството на вкусови и ароми
Агровести

Хоџа: Нашето грозје е со висок квалитет, нашите вина се надалеку познати по богатството на вкусови и ароми

Објавено 14/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашето грозје е со висок квалитет, нашите вина се надалеку познати по богатството на вкусови и ароми. Ова го истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа во Кавадарци, каде со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев закроија винова лоза во чест на празникот „Свети Трифун”, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.

Хоџа информираше дека извозот на вино последните години бележи постојан пораст.

– Повеќе години наназад, виното е трет производ по вредност во извозот, зад тутунот и пекарските производи. Ова само го потврдува неговото значење за вкупната домашна економија, нагласи министерот.

Тој рече дека минатата година беше најтешката година за винската индустрија кај нас и во светот.

– Пандемијата ја наруши трговијата со флаширано и наливно вино. Нашите винарници се соочија со вишок на вино, а лозарите немаа каде да го предадат грозјето. За маката да биде уште поголема, грозјето од ланската реколта беше со послаб квалитет. Во такви услови, Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја покажа на дело својата вистинска грижа и за лозарите и за винарниците. Успеавме да најдеме заедничко решение, донесовме интервентни мерки и успешно ја надминавме кризата, рече Хоца.

Тој потсети дека за таа цел, Владата го усвои Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците од Ковид-19. Според тој закон, тој информираше дека беа исплатени 6.3 милиони евра, а треба да се доисплатат уште 12 до 14 милиони денари, кои ќе бидат обезбедени со петтиот сет економски мерки.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит Хоџакавадарцимитко јанчевСвети Тифун
Претходен напис Нов пивски бренд во портфолиото на Пивара Скопје – Heineken 0.0 безалкохолно пиво
Следен напис НФФ: Индивидуалните земјоделски стопанства се основа за производство на винското грозје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?