Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа најави 150 милиони евра субвенции, „зелена нафта“ и поддршка за младите фармери
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа најави 150 милиони евра субвенции, „зелена нафта“ и поддршка за младите фармери
Агровести

Хоџа најави 150 милиони евра субвенции, „зелена нафта“ и поддршка за младите фармери

Објавено 24/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сто и педесет милиони евра финансиска поддршка, услови за порентабилно производство, субвенции за набавка на „зелена нафта“, консолидација на површините, поттикнување на младите земјоделци со 20.000 евра неповратна помош и на  жените фармери со 6.000 евра, најави денес министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, кој се осврна на првите 100 дена од извршувањето на функциата.

„Не чека многу работа, а си поставивме и амбициозна агенда. За да ја реализираме, заедно со земјоделците ќе мора да ги следиме европските стандарди, да ги применуваме најновите научни достигнувања и технологии и да применуваме модерна механизација“, рече Хоџа.

Ќе продолжат, најави министерот, и капиталните инвестиции за питка и вода за наводнување, како и неселктивното исплаќање на субвенциите. Досега се исплатени околу 115 милиони евра од проектираните субвенции, а до крајот на годината поддршката ќе биде целосно заокружена, вклучувајќи ги и долговите по овој основ од претхоната Влада.

-Во првите 100 дена од мојот мандат остварив низа билатерални средби со колеги од регионот, САД, Русија, пред се за изнаоѓање механизми за зголемување на трговијата со земјоделски производи, особено на извозот. Во овој краток период од преземањето на функцијата, реализирав и средби со лозари, сточари, оризари, тутунари, производители на јаболка, посетив многу фарми и откупни центри, рече министерот во отчетот за сработеното.

Тој потсети дека Владата интервенираше и успеа да ја ублажи состојбата во лозарството и винарството кои први го почувствува ударот од КОВИД-пандемијата. Беа потпишани и 540 договори за набавка на трактори, а доделени се и првите договори за 20.000 евра неповратна поддршка за млади земјоделци до 40-годишна вредност. Условите ги исполниле 265 апликанти, а вкупната вредност на поддршката ќе биде 3,1 милион евра. Лани поддршката изнесуваше двојно помалку, 10.000 евра.

-Едно од најголемите достигнувања во првите 100 дена е тендерската постапка за изградба на браната на Слупчанска река. Средстава во висина од 22 милиона евра се обезбедени, а проектот треба да се реализира за четири години, нагласи Хоџа.

Министерот смета дека е постигнат голем напредок во меѓународната соработка. Во овој конктекст го спомна потпишаниот Договор со Албанија за фитосанитарна контрола.

-Земјоделството е клучно и за пристаување во ЕУ. Ќе се фокусираме на намалување на руралната сиромаштија и на малите фарми кои се многу важен дел за сигурност на храната, ќе ја интезивиравме соработката со ФАО, ќе преземеме се за вработување на младите и за живот на руралното население со полесен пристап до земјиште и кредити, порача министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа. 

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Арјанит Хоџамлади фармериподдршкасубвенции
Претходен напис Бачовски: Исплатени субвенциите за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности
Следен напис Битолчанец најбогат во 2019, Стружанец со најголема плата, а најмладиот милионер има само шест години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?