Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал
Агровести

Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал

Објавено 21/01/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владина делегација предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини вчера во Анкара оствари работна средба со министерот за земјоделство и шумарство на Република Турција, Беким Пакдемирли.

Во рамки на посетата беа потпишани два меморандума за соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Турција во областа на водостопанството и шумарството, како и Договор за соработка во областа на ветеринарната политика и безбедност на храна.

Како што соопшти МЗШВ, двете земји во областа на водостопанството ќе соработуваат во насока на одржливо управување со водни ресурси, прилагодување кон климатските промени и создавање можности за нови инвестиции, и преку спроведување на заеднички проекти ќе придонесат кон заштита и искористување на шумскиот потенцијал. Со стекнатиот Договор за безбедност на храната се регулираат надлежностите и обврските на двете земји од аспект на увоз, извоз и транзит на храна и животни, со цел исполнување на стандардите за безбедност и релевантната законска регулатива.

На средбата министрите Хоџа и Нуредини потенцираа дека и во услови на светска пандемија трговската размена во 2020 година помеѓу Северна Македонија и Турција бележеше тренд на зголемување, што претставува добра основа за натамошно јакнење на севкупните економски односи меѓу двете земји.

Турскиот министер Пакдемирли подвлече дека Република Турција останува верен поддржувач на севкупниот развој на Република Северна Македонија и дека со потпишаните документи се утврдува заемниот интерес и рамката на нови значајни области и форми за продлабочување на соработка.

-Средбата е потврда за подготвеноста на двете пријателски земји да го засилат интензитетот на соработката и размената на искуства помеѓу институциите, да го поттикнат интересот на приватниот сектор за долгорочни вложувања во стратешки партнерства за одржлив развој, наведува Министерството за земјоделство.

Во рамки на посетата беа потпишани два меморандума за соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Турција во областа на водостопанството и шумарството, како и Договор за соработка во областа на ветеринарната политика и безбедност на храна.

Како што соопшти МЗШВ, двете земји во областа на водостопанството ќе соработуваат во насока на одржливо управување со водни ресурси, прилагодување кон климатските промени и создавање можности за нови инвестиции, и преку спроведување на заеднички проекти ќе придонесат кон заштита и искористување на шумскиот потенцијал. Со стекнатиот Договор за безбедност на храната се регулираат надлежностите и обврските на двете земји од аспект на увоз, извоз и транзит на храна и животни, со цел исполнување на стандардите за безбедност и релевантната законска регулатива.

На средбата министрите Хоџа и Нуредини потенцираа дека и во услови на светска пандемија трговската размена во 2020 година помеѓу Северна Македонија и Турција бележеше тренд на зголемување, што претставува добра основа за натамошно јакнење на севкупните економски односи меѓу двете земји.

Турскиот министер Пакдемирли подвлече дека Република Турција останува верен поддржувач на севкупниот развој на Република Северна Македонија и дека со потпишаните документи се утврдува заемниот интерес и рамката на нови значајни области и форми за продлабочување на соработката.

– Оваа средба е потврда за подготвеноста на двете пријателски земји да го засилат интензитетот на соработката и размената на искуства помеѓу институциите, да го поттикнат интересот на приватниот сектор за долгорочни вложувања во стратешки партнерства за одржлив развој, наведува Министерството за земјоделство.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:средбаТурција
Претходен напис Сообраќајот по наместа влажни коловози, можна е појава на голомразица
Следен напис Секој Австриец годишно фрла по 60 кг храна!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?