Кристоф Хансен, комесарот за земјоделство на Европската комисија, ја истакна потребата од построги контроли на увозот на храна во ЕУ, што сигнализира значајна промена во ставот на ЕК за трговијата, пишува Еурактив.
„Не е фер храната увезена од трети земји да содржи остатоци од пестициди забранети во Европската унија“, рече Хансен.
Комесарот говореше во Даблин на состанокот на ирската асоцијација на фармери, на кој беше истакната потребата од реципроцитет во трговијата со храна, но и помалку строги еколошки правила за европските фармери.
Построга контрола на увозот на храна
Како што пишуваат, слични коментари дал и пред неколку дена во Виена, каде исто така посочил дека Европската унија треба да биде построга во контролата на увозот на храна, што е значаен чекор напред од претходната позиција на Комисијата.
Извршната власт на ЕУ, всушност, одамна предложи одржување на максималните нивоа на остатоци од пестициди (МРЛ) за одредени супстанции на увезените прехранбени производи, наведувајќи ги специфичните услови во земјите надвор од ЕУ.
Сепак, Европскиот парламент се спротивстави, барајќи политика на нулта толеранција.