Халкбанк АД Скопје ја реализира најавената кредитна линија во вредност од 12 милиони евра, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), насочена кон поддршка и развој на одржливо земјоделство и како и поттикнување на сигурен раст на трговците поединци, микро, малите и средни претпријатија.
Средствата ќе бидат достапни во наредните пет години за индивидуални земјоделци, трговци поединци, како и микро, мали и средни претпријатија, со цел полесен пристап до поволно финансирање за:
- Работен капитал
- Инвестициони потреби
Целта на кредитната линија е да овозможи финансиска поддршка за одржлив развој, модернизација на земјоделското производство и зголемување на конкурентноста на претпријатијата во сите сектори на економијата.
Услови на кредитната линија:
- Износ: од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата: до 5 години

Со оваа иницијатива, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и развој во земјата, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
Извор –Банкарство.мк
