Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ѓубривото сѐ поскапо, дали нѐ очекува намалување на производството?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Ѓубривото сѐ поскапо, дали нѐ очекува намалување на производството?
Пазари

Ѓубривото сѐ поскапо, дали нѐ очекува намалување на производството?

Објавено 06/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сериозната енергетска криза доведе до зголемување на цените на ѓубривото. Сѐ повеќе компании ги затвораат погоните или го намалуваат производството.

На глобалниот пазар, количината на ѓубрива се намалува сѐ повеќе, а цените вртоглаво растат уште од јуни. Постојат неколку причини, а најголемата е сериозната криза во производството на гас и други енергенси. Така, растворот на уреа амониум нитрат (УАН) во германските увозни пристаништа на почетокот на овој месец чинел речиси 400, а уреата дури 600 евра по тон, наведува Агрархауте.

Цените за амониум нитрат и калциум амониум нитрат во северозападна Европа веќе ги надминаа поскапувањата од 2007 до 2008 година. И производителите на агрохемикалии и земјоделците се под притисок, особено земјоделците чии житни култури постигнаа повисоки вредности оваа година, но од друга страна трошоците за суровини нагло пораснаа.

Неодамна, хемискиот гигант BASF значително ги намали своите производствени капацитети за ѓубрива поради високите цени на природниот гас.

„Нашата компанија ќе го следи развојот на цените на енергенсите и соодветно ќе го прилагоди производството на амонијак“, велат од компанијата, наведувајќи дека веќе се произведува помалку во погоните во Антверпен во Белгија и Лудвигсхафен во Германија.

Одлуката на БАСФ е последна во серијата објави за затворање на фабриките и намалување на капацитетите, бидејќи секторот се бори со загубите поради високите трошоци за природен гас, кои продолжуваат да растат.

Криза низ целиот свет

На британскиот пазар владее општ хаос, и таму се очекува понатамошно затворање на енергетските компании. Девет од нив веќе банкротирале. Така, американскиот производител CF Industries беше првиот што ги затвори своите две фабрики во Велика Британија во Инс и Билингам пред три недели, при што последната повторно беше рестартирана благодарение на финансиската помош на британската влада за снабдување на кланиците и прехранбената индустрија со јаглерод диоксид.

Набрзо потоа, еден од најголемите светски производители на азотни ѓубрива, „Yara International“ ја објави својата намера да затвори околу 49 проценти од европскиот капацитет за производство на амонијак. Во моментов, стоката се увезува од други погони, што секако ја зголемува цената.

Понатаму, раководството на најголемиот шпански производител на ѓубрива Fertiberia планира да ги затвори погоните на локацијата Палос де ла Фронтера од овој месец. Австриската групација Borealis AG исто така објави дека го намалува производството во Европа, а истото важи и за украинската компанија ОПЗ.
Високите цени на бензинот се поттикнувач за актуелната криза, и многу аналитичари веруваат дека тоа би можело да потрае некое време. Тие се причина и за порастот на цените на другите извори на енергија како што се горивото, електричната енергија и маслото за греење.

Во исто време, стигнуваат извештаи од Азија и Кина за загрижувачкиот недостаток на енергија. Особено во Кина, ова ќе влијае на производството и извозот на азотни и фосфорни ѓубрива. Со други зборови, таа земја ќе го забави извозот, што последователно ќе влијае на понудата на светскиот пазар.

Некои аналитичари предупредуваат дека може да дојде до недостаток на електрична енергија, така што обновувањето на снабдувањето со гас во Европа пред постудените зимски месеци ќе биде тешко. Постуденото време поттикна поголема побарувачка во Азија, поради што цената на енергијата расте. Информациите објавени од аналитичарите покажуваат дека оние за природен гас се зголемиле за дури 250 проценти од почетокот на годината, а само во август за 70 проценти.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Шпанија издвојува 665 милиони евра помош за ѓубриво за земјоделците и подготвува план за производство
Спремете се за претстојната сезона: ВАКУМСКА СЕАЛКА ЗА ПЧЕНКА- OZDOKEN
Фарма за муви во Виена произведува ѓубриво
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:ѓубриво
Претходен напис Бектеши: Aко треба ќе ги „замрзнеме“ цените на одредени производи
Следен напис Земјоделски календар – Активности во овоштарникот во октомври
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?