Гренланд е на пат во овој век да изгуби повеќе мраз отколку во било кој друг период од холоценот, период од 12.000 години односно во периодот кога се развила човечката цивилизација.
Студијата објавена на 30 септември во списанието Nature , нуди најнови докази дека најсеверниот дел на Земјата, чија количина на замрзната вода може да го подигне глобалното ниво на морињата за 24 метри, навлегол во период на нагло опаѓање и би можел да се истопи во целост ако луѓето продолжат да употребуваат фосилни горива во моментални размери.
Во истражувањето исто така се става акцент на уверувањето дека неодамнешните големи топења на глечерите на Гренланд кои се дел од природниот циклус, се одвиваат со голема брзината, во споредба со кој било друг период во минатото.
– „Негуваме уверување дека овој век ќе биде единствен кога станува збор за промени во природата во споредба со претходните 12.000 години“, вели водечкиот автор на студијата Џејсон Бринер, глациолог од Универзитетот во Бафало.

Поврзување на минатото и иднината
Во текот на пoследните 40 години, забрзаното затоплување предизвикало и побрзо топење на мразот. За овој тренд да се стави во поширок историски контекст, научниците ја користеле евиденцијата за растот и топењето на ледената плоча во текот на последните илјада години.
Научниците се обиделе да ги реконструираат промените во дебелината на ледената покривка на Гренланд во текот на целиот холоцен користејќи ги изотопите на кислородот внатре во ледените јадра, што предизвикало индикации за минатите температури.
– „Луѓето го формирале гренландскиот покривач во минатото, луѓето ќе го формираат и во иднината“, вели Бринер. „ До сега, во текот на ниту една анализа не е користен овој метод, со кој се поврзуваат минатото и иднината“.
Резултатите покажаа дека моменталната брзина со која Гренланд се топи е поекстремна од било кој друг период во холоценот.
Во овој век Гренланд би можел да изгуби 6.100 милијарди тони мраз, ако продолжи со проечната брзина на топење која ја имаше од 2000 и 2018 година.
Извор:Rtv.rs
