Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грција подготвува план за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грција подготвува план за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus
Агровести

Грција подготвува план за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus

Објавено 20/06/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

План за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но не е закана за капачите, доставило Министерството за земјоделство и храна на Грција до Европската комисија и по примерот на Кипар се разгледува можноста за воведување парична награда за рибарите за нејзино ловење, според генералниот секретар во Министерството Спирос Протопсалтис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за државната телевизија ЕРТ Протопсалтис нагласи дека нема простор и причина за паника кај капачите, бидејќи во Грција бил регистриран само еден случај на каснување во 2022 година на Крит, а натписите во медиумите дека напаѓа капачи, нагласи дека се лажни вести.

Објасни дека рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и Крит, дошла од Суецкиот канал и Црвеното Море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири што предизвикува загриженост, додека пак најголемиот проблем е што не ја јадат другите риби во Медитеранот.

Друг голем проблем, додаде, е штетата што им ја прави на рибарите, поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема, а истовремено претставува закана за морскиот екосистем бидејќи станува збор за многу агресивна месојадна риба што се храни со риби, ракчиња, октоподи и други морски организми.

– Не постојат магични решенија, ниту рибата ќе исчезне, посочи генералниот секретар во Министерството за земјоделство и храна на Грција, објаснувајќи дека веќе е изработена програма за ловење на овој вид риба од страна на професионалните рибари, со финансиски надомест по примерот на слична програма што со години се спроведува во Кипар.

Објасни дека на Кипар, рибарите добиваат 4,73 евра за килограм уловена риба, а со оваа програма во последните години имаат уловени околу 100 тони.

– Ја разгледуваме оваа програма. Министерството веќе подготви план кој е доставен до Европската комисија и очекуваме одобрување, се обидуваме да ја утврдиме и цената, бидејќи тоа е предмет на преговори. Кога разговаравме со нашите рибари оваа цена од 4,73 евра за килограм не е доволно привлечна за нив и за да се постигне целта треба да постои вистински стимул за рибарите, посочи Протопсалтис.

Објасни дека ваквите програми немаат драматичен ефект врз намалувањето на популацијата, но претставуваат важна финансиска поддршка за рибарите како надомест за штетите што ги трпат.

Паралелно нагласи дека дополнителен проблем е и отстранувањето на рибата, бидејќи „откако ќе биде уловена, не може едноставно да се фрли“, туку потребно е да се складира во специјални ладилници поради токсичноста, а потоа да се уништи во сертифицирани постројки за согорување за што постојат строги, сложени и скапи европските прописи и процедури за управување со токсичен отпад ја прават оваа постапка сложена и скапа.

Генералниот секретар во Министерството за земјоделство и храна посебно предупреди дека Lagocephalus sceleratus во никој случај не смее да се консумира, бидејќи е отровна риба, нешто што го посочија и од грчкиот Црвен крст во вторникот кога излегоа со упатства за прва помош при каснување од конкретната морска риба. 

Црвен крст Грција

Може да ви се допадне

Намалување на цената на горивата од понеделник – најави Мицкоски
Синдикалната минимална кошница во јуни 68.654 денари, намалена за 88 денари во однос на мај
Високо заразен птичји грип откриен за прв пат во Австралија
На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
Дел од центарот на Скопје без вода
Таг:Lagocephalus sceleratusгрцијаморската рибапланширењето
Претходен напис Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?