Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини Ники и Евзони со Северна Макеонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини Ники и Евзони со Северна Макеонија
Агровести

Грчките земјоделци со симболични блокади на граничните премини Ники и Евзони со Северна Макеонија

Последна измена: 12/02/2024 13:03
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Неколкучасовни блокади на граничните премини Ники (Меџитлија) и Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, но само за камиони, најавија за денеска грчките земјоделци, кои продолжуваат со нивните активности во пресрет на утрешната средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците од северозападна Грција од 12 часот по локално време го затворија преминот Ники, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, додека пак сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија од грчка страна се одвива регуларно. 

Блокадата според најавите се очекува да трае до 15 часот по локално време. 

Земјоделците од северниот дел на земјата преку Поликастро претпладнево се упатија кон граничниот премин Евзони, со цел неколку часа да го блокираат сообраќајот на товарни возила, меѓутоа на неколку пат попатно наидоа на полициски блокови кои успеаја да ги избегнат преку локални и споредни патишта. 

Кусо по 13 часот по локално време со тракторите стигнаа на граничниот премин, но според информациите на дописничката на МИА од Атина, до 13.30 часот по локално време сообраќајот и на автомобили и на камиони се одвиваше регуларно. 

Претставници на земјоделците, вкупно 15 лица од цела Грција утре напладне ќе се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Атина, а не е исклучена можноста доколку нема договор на утрешната средба, дополнително да ескалираат активностите и да резултираат со целосни блокади како на автопатите така и на граничните премини. 

МИА

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:блокадиграничните преминиГрчките земјоделциЕвзониНики
Претходен напис Поскапуваат горивата
Следен напис НАЈК ПРОМ презентација и изложба на познатите брендови LOVOL и TURAN TARIM во с.Будаково
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?