Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
Агровести

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони

Објавено 19/12/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Во периодот меѓу 18 и 22 часот по грчко време, како и во изминатите денови така и денеска, граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција кон нашата земја, повторно ќе биде затворен за сообраќај, поради блокадите на грчките земјоделци, јави дописничката на МИА од Атина.

На грчката страна од границата, веќе 19 дена се паркирани над 300 трактори на земјоделците од областа Пеонија и од градот Јаница, а блокадите се секојдневни, но во последните денови само во попладневните часови.

За време на четиричасовната блокада во прекин ќе биде сообраќајот за сите возила, и за патнички и за товарни, а исклучок се итни случаи.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, сообраќајот четири часа ќе биде во прекин, односно од 19 до 23 часот по локално време и на преминот Ники (Меџитлија) за товарните возила.

За автомобилите блокадата ќе трае два часа од 20 до 22 часот, исто така по локално време.

Блокади има и на другите гранични премини, на Промахонас и Ексохи кон Бугарија и Кипи кон Турција, но само за камиони.

Како што вчера објави МИА, земјоделците на одржаниот состанок со учество на претставници на над 50 блока од цела Грција, одлучија продолжување на активности, но и заострување во следните денови, а паралелно уште еднаш го одбија повикот од Владата за дијалог.

Попладнево планираат на неколку часа да ги затворат и споредните улици кај Лариса во централна Грција, каде што веќе 20 дена е затворен автопатот Солун-Атина.

Кај Солун, на истиот автопат, досега беше поставена блокада само во правец кон Атина, а од денеска во следните пет дена затворен ќе биде делот и кон Солун.

Пораката на грчките земјоделци е дека не сакаат блокадите да бидат пречки за патувањата на граѓаните за божиќните празници, а во вторник ќе одржат нов состанок за да донесат одлуки за Божиќ.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември со поставени над 60 блокади низ цела Грција.

Грчките земјоделци бараат итна исплата на сите долгови што им ги должи државата; гарантирани минимални цени кои ќе ги покриваат трошоците за производство; намалување на трошоците за производство; надомест на изгубениот приход за 2025 година за сите производи чии цени паднале под трошоците за производство; запирање на масовните увози и лажно прикажување како домашни на странските земјоделски производи; итно двојно зголемување на земјоделските пензии.

Дополнително, за скандалот со ОПЕКЕПЕ, односно скандалот со европските земјоделски субвенции бараат да се вратат и распределат украдените средства на вистинските корисници, земјоделците да не ги плаќаат казните, но и да се утврди политичка и кривична одговорност и јавно да се објават имињата.

Министерот за земјоделство на Грција Костас Циарас во понеделникот ги повика грчките земјоделците на дијалог и ја остави отворена можноста за нови мерки за поддршка, но одговорот од земјоделците останува негативен на поканата за средба.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Грчките земјоделциЕвзонизатворатпопладнево
Претходен напис НБ: Во ноември годишен раст од 11 отсто на вкупните депозити и од 12,7 отсто на вкупната кредитна поддршка
Следен напис Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?