Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци пак блокираат со трактори на „Евзони“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци пак блокираат со трактори на „Евзони“
Агровести

Грчките земјоделци пак блокираат со трактори на „Евзони“

Објавено 04/12/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од северна Грција, кои веќе четири дена со трактори стојат на грчката страна од преминот „Евзони“ (Богородица), денеска повторно ја блокираа границата и го прекинаа сообраќајот кон и од Македонија, објави „Катимерини“.

Блокадата започна кусо по 13 часот по локално време, а непознато е колку време ќе трае блокадата, со оглед на тоа што, како и во изминатите денови, беше ненајавена.

Грчките земјоделци традиционално не ги најавуваат своите блокади – тракторите остануваат паркирани на премините, а на дневни состаноци одлучуваат кога и колку долго ќе го прекинуваат сообраќајот. Истата практика продолжува и сега: покрај „Евзони“, привремени блокади денеска имаше и на преминот „Ники“ кај Лерин, како и на „Промахонас“ кон Бугарија и на „Кипи“ кон Турција, каде што не се пропуштаат камиони.

На повеќе локации земјоделците дури поставија новогодишни елки, симболична порака дека се спремни да протестираат и за празниците.

Протестите почнаа во неделата и се најавува нивно постепено засилување до 5 декември, без најава кога би можеле да завршат.

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:земјоделцилерин
Претходен напис Од нестандардни депонии до зелени површини: Почиста иднина за Источниот и Североисточниот регион
Следен напис Трипуновски: Очекувам многу брзо да излеземе со официјален извештај што се случувало во Платежната агенција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?