Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци одлучија постепено да се повлечат од блокадите – патиштата и граничните премини остануваат отворени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци одлучија постепено да се повлечат од блокадите – патиштата и граничните премини остануваат отворени
Агровести

Грчките земјоделци одлучија постепено да се повлечат од блокадите – патиштата и граничните премини остануваат отворени

Објавено 21/01/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До петок се очекува поголемиот дел од грчките земјоделци, а не е исклучена можноста и сите, да се повлече од блокадите во цела Грција по над 50 дена поминати на улица, а автопатиштата, споредните патишта, но и граничните премини, остануваат отворени, јави дописничката на МИА од Атина.

По средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите, го разгледаа исходот од разговорите и донесоа одлуки. 

Еден од главните блокови во земјата, оној кај месноста Никеа во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, на вчерашниот состанок одлучи в петок наутро тракторите координирано да се повлечат од блокадата и да се упатат кон центарот на градот за симболично да се завршат протестите по 54 денови на улица, а веднаш потоа и да се вратат во нивните места.

Паралелно, до Комисијата на блокови од целата земја, упатија предлог во блиска иднина да се одржи нов состанок на ниво на цела Грција за да се разгледа можноста за одржување протест во Атина.

Земјоделците од блокот Малгара во близина на Солун најавија дека остануваат на блокадата, но без да го затворат патот, а во петок ќе одржат протест во центарот на градот пред објектот на Министерството за Македонија и Тракија.

На состанокот во Премиерската палата во понеделникот присуствуваше делегација од 25 претставници и шестмина набљудувачи одредени од земјоделците од 62 блока од цела Грција, а ставот на Владата беше дека веќе се преземени иницијативи за прашањата што земјоделците континуирано ги покренуваат, но и дека не постои дополнителен простор за нови мерки за поддршка.

Земјоделците пак, не беа многу задоволни од дискусијата, но велат дека го завршуваат овој циклус на динамични протести што започнаа на 30 ноември, а во иднина ќе одлучат дали можеби со тракторите ќе заминат за Атина за да одржат протест.

Грчкиот премиер кусо по средбата, за време на учество на конференција во однос на протестите и блокадите изрази надеж дека ќе надвладее логиката, посочи дека со останувањето на блокадите, земјоделците нема да добијат ништо повеќе и додаде дека е подготвен да се справи со секоја ситуација.

Од 30 ноември, земјоделците од цела Грција постепено започнаа со поставување блокади на клучни локации на автопатиштата во земјата, но и на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, каде што периодично, по неколку часа дневно во прекин беше сообраќајот. 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:блокадитеГрчките земјоделциотворениповлечатпостепено
Претходен напис До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
Следен напис Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?