Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци денес со нови блокади на Евзони, утре пауза поради Нова година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци денес со нови блокади на Евзони, утре пауза поради Нова година
Агровести

Грчките земјоделци денес со нови блокади на Евзони, утре пауза поради Нова година

Објавено 30/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што јавува дописничката на МИА од Атина, блокадите ќе се реализираат денес, вторник, во периодот од 11 до 15 часот по македонско време (12–16 часот по грчко) и од 17 до 21 часот (18–22 часот по локално време).

Грчките земјоделци веќе цел месец протестираат со затворање на патишта и гранични премини, но најавија дека од утре до петок ќе ги укинат блокадите поради новогодишните празници, со цел да се олесни движењето на граѓаните, како што беше случај и за време на Божиќ. Во сабота е најавен заеднички состанок на кој ќе се одлучува за понатамошните активности.

Според грчкиот весник То Вима, од 9 часот наутро надвозникот кај блокадата на патот Никаја ќе биде отворен за непречен сообраќај од Атина кон Солун.
За спротивната релација, Солун–Атина, ќе се применува планот на сообраќајната полиција, при што возачите ќе се пренасочуваат по стариот национален пат Лариса–Волос, преку раскрсниците Платикампу и Килелер.

Движењето на возила на автопатот ПАТЕ, барем до Нова година, ќе се одвива нормално, откако земјоделците и сточарите на блокадата кај патарината Малгара одлучија да не продолжат со затворања за време на празниците.

Од друга страна, на неодредено време е затворен националниот пат Антирио–Јанина, една од клучните сообраќајници во Западна Грција. Тракторите на земјоделците и натаму се распоредени во областа „Зелени светла“ во источен Солун.

Транзитната станица во предградието на Драма трет ден по ред останува затворена за камиони, додека патничките возила минуваат со кратко двојно заобиколување од околу 500 метри. Денеска е најавена и мобилизација во центарот на Агринио, каде земјоделците планираат блокади пред даночната управа и други државни институции.

Блокадата кај Беотија останува засилена, а националниот пат Атина–Ламија е затворен во правец кон Атина, со пренасочување на сообраќајот преку обиколници. Во исто време, блокадата кај Тива е отворена во двата правци за да се олеснат еднодневните празнични патувања.

И Јонскиот пат, кај раскрсницата Ангелокастро, останува затворен, со сообраќај кој се пренасочува по алтернативни правци. Според најавите, автопатот се очекува да биде повторно отворен до среда наутро.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:блокадаграницаземјоделцинова година
Претходен напис Пробиена границата од Парискиот договор: 2025 меѓу трите најтопли години
Следен напис На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?