Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчкиот парламент го одзеде имунитетот на 13 пратеници на Нова демократија поради земјоделски скандал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчкиот парламент го одзеде имунитетот на 13 пратеници на Нова демократија поради земјоделски скандал
Агровести

Грчкиот парламент го одзеде имунитетот на 13 пратеници на Нова демократија поради земјоделски скандал

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Грчкиот парламент изгласа одземање на имунитетот на 13 пратеници од владејачката партија Нова демократија, чии имиња беа вклучени во истрагата за скандалот со државната агенција ОПЕКЕПЕ за распределба на земјоделски субвенции од ЕУ, јавува „Катимерини“.

Минатата година Европското обвинителство обвини десетици грчки сточари дека фалсификувале документи за сопственост на пасишта за да присвојат милиони евра, веројатно со помош на државни службеници и политичари. Скандалот веќе предизвика министерски оставки, а ЕУ наметна високи казни за Грција поради лошо управување со средствата. Според властите, присвоени се над 22 милиони евра во периодот 2019-2024 година преку неточни податоци за земјиште.

Меѓу пратениците на кои им е одземен имунитетот е и поранешниот министер за инфраструктура и транспорт, Костас Караманлис, кој претходно ги повика колегите да го поддржат барањето на обвинителите бидејќи „нема што да крие“. Караманлис, кој поднесе оставка по железничката несреќа кај Темпе во 2023 година, изјави дека е решен да го исчисти своето име и дека обвинувањата се бесмислени.

Аферата сериозно ја разниша владата на Киријакос Мицотакис, што резултираше со пад на поддршката за Нова демократија во анкетите. Според последните истражувања, довербата во владејачката партија паднала на 25,7 отсто, иако таа сè уште води пред социјалистичката ПАСОК.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Нова демократијапарламентпратеници
Претходен напис (ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 23 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?