Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ГРАНТ од ИПАРД за компании од ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА: Изградба на производствен погон, набавка на опрема, машини, соларни панели…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ГРАНТ од ИПАРД за компании од ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА: Изградба на производствен погон, набавка на опрема, машини, соларни панели…
АгровестиФондови

ГРАНТ од ИПАРД за компании од ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА: Изградба на производствен погон, набавка на опрема, машини, соларни панели…

Објавено 11/07/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мерката 7 од ИПАРД за диверзификација на фарми и развој на бизниси има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во рурачните средини.

По принципот на ко – финансирање оваа мерка овозможува инвестиции во земјоделско производство, производство на прехрамбени производи и пијалоци, инвестиции во производство на непрехрамбени производи, занаетчиски дејности и рурален туризам.

Таков пример на успешен корисник на Мерка 7 од ИПАРД програмата е Компанијата „Којаконеја“

Како микро претпријатие од дрвната индустрија, финансиската поддршка од ИПАРД ја користеле за изградба на производствен погон, поставување соларни панели и набавка на опрема за производство на асортимани од дрва. Вкупната вредност на инвестицијата е близу 65 милиони денари , а ко – финансирањето од АФПЗРР преку ИПАРД програмата изнесува 33,7 милиони денари.

Ако Вашата компанија се занимава со преработка на дрво и производи од дрво, Погледнете ја целосната листа на дејности за кои може да се побара неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра преку ИПАРД програмата.

ПРЕРАБОТКА НА ДРВО И ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО

  • Пилење и стружење на дрво
  • Производство на фурнир и други плочи од дрво
  • Производство на паркет
  • Производство на друга градежна столарија и подови
  • Производство на дрвена амбалажа
  • Производство на останати производи од дрво
  • Производство на предмети од плута, слама и плетарски материјал

Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за изградба или реконструкција на објекти, набавка на нови машини и опрема, набавка на компјутерски софтвер итн. Вкупната планирана инвестиција треба да изнесува најмалку 10.000 евра.

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува сопственост на корисникот. Може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на [email protected] или јавете се на телефонскиот број:  070 267 789

Листа на рурални подрачја во кои може да инвестирате со грант од ИПАРД преку Мерка 7

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:асортимендрвадрвна индустријаипардМерка 7рурално подрачје
Претходен напис Општина Куманово ќе изврши втора авионска дезинсекција против комарци
Следен напис Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?