Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грант до 600.000 евра за развој на бизниси од ТЕКСТИЛНАТА и ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Грант до 600.000 евра за развој на бизниси од ТЕКСТИЛНАТА и ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА
Агровест

Грант до 600.000 евра за развој на бизниси од ТЕКСТИЛНАТА и ДРВНАТА ИНДУСТРИЈА

Објавено 14/07/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Покрај поддршката за земјоделството и руралниот туризам, ИПАРД 3 програмата опфаќа и поддршка на непрехранбени производни активности преку популарната мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“. Тука спаѓаат голем број на дејности кои не се директно поврзани со земјоделство или туризам, но според локацијата на инвестицијата се подобни за аплицирање во рамки на оваа мерка.

Кофинансираниот неповратен грант до 600.000 евра може да се искористи за покривање на 60% од трошоците за изградба или реконструкција на објекти, набавка на нови машини и опрема, набавка на компјутерски софтвер итн. Вкупната планирана инвестиција треба да изнесува најмалку 10.000 евра.

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува сопственост на корисникот. Може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Погледнете ја целосната листа на прифатливи дејности за кои може да се побара неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра преку ИПАРД програмата.

МЕБЕЛ

  • Производство на канцелариски мебел и мебел за продавници
  • Производство на кујнски мебел
  • Производство на душеци
  • Производство на друг мебел

ОБЛЕКА

  • Производство на кожна облека
  • Производство на работна облека
  • Производство на друга горна облека
  • Производство на долна облека
  • Производство на други предмети и прибори за облека
  • Производство на предмети од крзно
  • Производство на плетени и хеклани чорапи
  • Производство на плетена и хеклана облека

ТЕКСТИЛ

  • Подготовка и предење на текстилни влакна
  • Ткаење на текстил
  • Довршување на текстил
  • Производство на плетени и хеклани ткаенини
  • Производство на готови текстилни производи
  • Производство на теписи и килими (подни прекривки)
  • Производство на јажиња, конопи, плетенки и мрежи
  • Производство на неткаен текстил и предмети од неткаен текстил
  • Производство на друг технички и индустриски текстил
  • Производство на останати текстили, неспомнато на друго место

ПРЕРАБОТКА НА ДРВО И ПРОИЗВОДИ ОД ДРВО

  • Пилење и стружење на дрво
  • Производство на фурнир и други плочи од дрво
  • Производство на паркет
  • Производство на друга градежна столарија и подови
  • Производство на дрвена амбалажа
  • Производство на останати производи од дрво
  • Производство на предмети од плута, слама и плетарски материјал
  • КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
  • Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина;
  • Правни лица (микро и мали претпријатија)
  • Физички лица кои предлагаат нови инвестиции за стапување во економски активности во руралните средини (на пример за самовработување) се прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка само доколку ги исполнат специфичните барања, односно ако тој/таа:
  • поседува докажани професионални вештини и компетенции преку завршено средно образование или минимум 3 години работно искуство од областа на земјоделско производство, преработка или услуги поврзани со земјоделството (докажано преку доказ за професионално работно искуство или преку доказ како корисник на националните програми за поддршка во земјоделството и руралниот развој или други прифатливи писмени докази) или стручна обука или друг професионално признат сертификат за одделна стопанска не-земјоделска дејност (за приоритени сектори 2,3,4,5,6,7 и 8);
  • се обврзе дека на крајот на инвестицијата (пред поднесување на конечното барањето за исплата) тој/таа ќе ја регистрира економската активност како занаетчија, угостител,трговец поединец или правно лице во општината каде што се наоѓа руралната средина.

За повеќе информации, проверка на подобноста за аплицирање и целосна професионална подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број:
📞 070 267 789
или испратете e-mail на [email protected]

Листа на рурални подрачја во кои може да инвестирате со грант од ИПАРД преку Мерка 7

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Таг:дрвнаиндустријаипардМерка 7повиктекстил
Претходен напис Девет лица се затруле со храна во пицерија во Гостивар, АХВ со апел
Следен напис Портокалово ниво за опасност од високи температури, промена на времето од петок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?