„Сопствени средства ЈП „Стрежево” – Битола инвестира во делот на водостопанската инфраструктура, со единствена цел – реализацијата на сите предвидени проекти на кои што работиме за овозможување, зголемување на наводнувани површини, намалување на загубите од вода, трајно решавање на проблемите со наводнување и создавање на услови за рентабилно земјоделско производство“, изјави директор на ЈП „Стрежево” – Битола, Менде Граматковски.


Како што објави Граматковски, во тек е реализација на проект за рехабилитација на Главен цевковод СР 11 (Бистрица – Егри) замена на дотраени цевки фи-500 mm со нови дуктилни цевки фи- 600 mm во атарот на село Егри.

„Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси, односно ќе се воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот „Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост.“, рече Граматковски.

