Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граматковски: Хидроакумулацијата „Стрежево“ спас за Пелагонија и Битола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Граматковски: Хидроакумулацијата „Стрежево“ спас за Пелагонија и Битола
Шумарство и водостопанство

Граматковски: Хидроакумулацијата „Стрежево“ спас за Пелагонија и Битола

Објавено 25/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Хидроакумулацијата „Стрежево“ со која стопанисува истоименото јавно претпријатие, летово со вода ги спасува Битола и Пелагонија, изјави за МИА, генералниот директор на ЈП „Стрежево“, Методија Граматковски.

Со вода од акумулацијата се снабдуваат околу 40 населени места во општините Битола, Могила и Новаци со по 560 литри во секунда, а главниот канал е максимално исполнет со 9 кубни метри вода, потврди Граматковски.

-Во акумулацијата која е полна има повеќе од 72 милиони кубни метри вода. Во главниот канал има вода од околу 9 м3, сите цевководи се полни и се испорачува вода на околу 20.000 хектари земјоделски површини во Пелагонија, со што директно помагаме за зголемено производство на домашна храна. Но исто така непречено испорачуваме вода за РЕК Битола, за индустриските капацитети и други помали капацитети и сточарски фарми – истакна Граматковски.

ЈП „Стрежево“ испорачува вода за пиење на ЈКП „Водовод“ – Битола и во овој период бараните колични достигнуваат и до 560 литри вода во секунда.

-Апелираме за рационално трошење на водата. Се соочуваме со исклучително сушна година проследена подолг период со екстремно високи и натпросечни температури. Апелираме до водокорисниците, водата предвидена за наводнување на земјоделски култури да ја трошат строго наменски, односно без непотребно трошење и нормална употреба на водата, согласно нивните потреби – нагласи Граматковски.

Од ЈП „Стрежево“-Битола посочуваат дека екипи на претпријатието се постојано на терен и спроведуваат акции за откривање на водокорисници, кои вршат енормна потрошувачка на водата или недомаќински се однесуваат кон овој скапоцен ресурс.

Може да ви се допадне

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Времена забрана за лов на сом во акумулацијата „Стрежево“
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
Таг:Стрежево
Претходен напис Ново поевтинување на горивата – Од полноќ дизелот ќе се продава за 96 денари литар
Следен напис Општина Кочани ги повикува граѓаните да поднесат пријава за проценка на штета од невремето најдоцна до 1 август 2022
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?