Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граѓанскиот сектор активно ќе ги следи преговорите за поглавјето за животна средина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Граѓанскиот сектор активно ќе ги следи преговорите за поглавјето за животна средина
Агровести

Граѓанскиот сектор активно ќе ги следи преговорите за поглавјето за животна средина

Објавено 17/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започна да се спроведува Проектот Граѓанска Платформа за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27 – Платформа 27 (П27)

ЗГ „Центар за климатски промени“ со поддршка на Цивика Мобилитас во јули 2020 започна со спроведување на проектот „Граѓанска платформа за следење на преговорите со ЕУ за поглавје 27“ чија главна цел е да ги следи преговорите со ЕУ за Поглавјето 27 – животна средина и климатски промени, односно преку соработка на граѓанските организации активни во областа на животната средина да подготви и презентира извештај (shadow report) за сегашната состојба, предизвици и идни приоритети во областа на животната средина и климатските промени.

Имено, преку формирање на Платформата за следење на преговорите за Поглавјето 27 и подготвување на извештајот, граѓанскиот сектор настојува да има активно и конструктивно учество во преговорите и да биде партнер со јавните чинители, особено со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Ваквото партнерство треба да обезбеди транспарентност и вклученост на сите засегнати страни при утврдување на сегашната состојба и приоритетите во областа на животната средина и климатските промени.

Во моментот Центарот за климатски промени го отвори повикот за приклучување на граѓанските организации кон Платформата за следење на Преговорите за Поглавје 27 (П27). Повикот е отворен за сите граѓански организации кои работат на полето на животната средина, одржливиот развој, енергијата и земјоделството, а ќе биде отворен до 30ти ноември 2020 година.

Се очекува преку Платформата да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации да го следат процесот на преговарање со ЕУ и да се подобри нивната улога во процесот за приближување и подготовка за преговори со ЕУ за Поглавје 27.

Воедно, со цел постигнување на целите и успешно функционирање на Платформата (П27), ќе се реализираат повеќе работилници за подигнување на знаењето на граѓанските организации за процесот на преговарање со ЕУ и барањата на ЕУ законодавството за Поглавјето 27, ќе се изработи комуникациска стратегија, методологија за начинот на учество и следење на преговорите од страна на невладиниот сектор, како и ќе се одржат неколку координативни состаноци со засегнати страни.

Како резултат на спроведените активности се очекува во септември 2021 година да се  подготви извештај за позицијата на граѓанскиот сектор за следење на  преговорите за одделните под-поглавја во рамките на Поглавјето 27, кој ќе биде јавно презентиран пред засегнатите страни. Во текот на месец декември ќе се одржи и првата средба на граѓанските организации членки на мрежата со цел отпочнување со работа на Платформата 27.

Идејата и потребата за формирање на Платформата 27 за животна средина произлезе уште минатата година кога во мај Република Северна Македонија го реализираше објаснувачкиот состанок за Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени во Брисел на кој Европската Комисија даде објаснување за европската регулатива (директиви и регулативи) кои ќе бидат дел од ЕУ преговорите. Се очекува во блиска иднина Северна Македонија да ги започне проговорите со одржување на првата Меѓувладина конференција.

Независно, јасно е дека треба колку што е можно побрзо да се започне со подготовка за ЕУ преговорите, особено за Поглавјето 27, кое се смета за едно од најкомплексните и секако најскапо од сите останати поглавја  што ќе се преговараат со ЕУ. Во извештајот за напредок за 2019 година и 2020 година, Европската комисија нотира дека Република Северна Македонија е на одредено ниво на подготовка во Поглавјето 27. Постигнат е ограничен напредок во натамошно усогласување на политиките и законодавството со законодавството на ЕУ во клучните сектори.

Спроведувањето и примената заостануваат и во наредниот период земјата треба да се фокусира на спроведување на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, управување со отпад, климатските промени и сл. Исто така, се забележува дека административниот капацитет на централно и локално ниво останува слаб и недоволен.

Соработката со граѓанското општество е подобрена, но потребни се дополнителни напори за ефективно учество на јавноста и консултации во процесите на донесување одлуки, е наведено во извештајот за напредок и во 2019 и во 2020 година.   Оттука, во процесот на подготовка е многу важно да се води континуиран дијалог со релевантните засегнати страни.

За Поглавје 27, еден од најважните и значајни чинители се граѓанските организации (ГО) кои се активни во секторот животна средина и климатските промени.  

Повеќе информации можете да добиете на на веб: https://ckp.org.mk/

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Граѓански сектореуПлатформа 27 (П27)Центар за климатски промени
Претходен напис Недостатокот од пченка во Кина го разниша пазарот – се очекуваат повисоки цени во цел свет?
Следен напис Oд 1-ви до 3-ти декември ќе се одржи Старт-ап натпревар „Get In The Ring Skopje“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?