Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Граѓаните да пријават штета од невремето, повикаа од општинскиот кризен штаб Куманово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Граѓаните да пријават штета од невремето, повикаа од општинскиот кризен штаб Куманово
Агровести

Граѓаните да пријават штета од невремето, повикаа од општинскиот кризен штаб Куманово

Објавено 24/07/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кризниот штаб на Општина Куманово донесе повеќе мерки за справување со последиците од силното невреме што го зафати градот и околните населени места. Најголеми штети претрпе електродистрибутивната мрежа, а надлежните најавуваат дека расчистувањето на паднатите дрвја и санирањето на штетите ќе продолжи и во наредните денови.

На денешната седница на Кризниот штаб, свикана по предлог на Центарот за управување со кризи, беше констатирано дека невремето проследено со силен ветер предизвикало значителни оштетувања на инфраструктурата, електричната мрежа, приватните имоти и земјоделските површини.

Секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис – Јаневска, информираше дека ЕВН е меѓу најпогодените служби, со повеќе од 100 паднати столбови за електрична енергија и над 400 пријавени дефекти на дистрибутивната мрежа. Досега се санирани 342 дефекти, а снабдувањето со електрична енергија во градот е речиси целосно нормализирано.

-Најкритична останува состојбата во селото Клечовце и дел од руралните средини во Куманово и Старо Нагоричане, каде што паднати тополи ја оштетиле електричната мрежа. На терен заеднички работат екипи на ЕВН, ЈП „Национални шуми“ и ЈП „Чистота и зеленило“- рече Сларидис – Јаневска.

Од Кризниот штаб упатија апел до месните заедници активно да се вклучат во расчистувањето на теренот, бидејќи ЈП „Чистота и зеленило“ нема надлежност ниту механизација за отстранување на големи дрвја надвор од урбаните подрачја. Граѓаните кои имаат дрвја што претставуваат опасност се повикани тоа да го пријават во Општина Куманово, по што општинска комисија ќе изврши увид и ќе предложи соодветни мерки.

Телефонските линии на Општината остануваат отворени за пријавување штети. Досега се поднесени девет писмени барања за надомест на штета, а уште десетина граѓани телефонски ја пријавиле состојбата и треба дополнително писмено да ги достават своите барања.

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“  Сашо Томиќ, изјави дека службите интензивно работат на расчистување на паднатите дрвја во парковите, булеварите и другите јавни површини.

-Ресурсите ни се ограничени и ќе бидат потребни неколку дена за целосно расчистување на сите паднати дрвја. Нема простор за паника, состојбата е под контрола и ќе ги отстраниме сите дрвја што претставуваат опасност за граѓаните- рече директорот.

Директорката на ЈП „Национални шуми“ – Подружница Куманово, Катица Станковска-Ристовска, посочи дека најголем број пријави се однесуваат на паднати тополи во руралните средини на Куманово и Старо Нагоричане.

-Првично ги расчистуваме дрвјата што ги блокираат патиштата за да се овозможи пристап, а потоа ќе се пристапи кон санирање на останатите штети. Работиме заедно со наши кооперанти кои имаат искуство за вакви специфични интервенции, но и покрај тоа ќе биде потребно време за целосно санирање на последиците изјави Станковска-Ристовска.

Таа апелираше граѓаните од руралните средини да ги пријавуваат штетите во подружницата на „Национални шуми“, а институциите, како што рече, во координација со ЕВН ќе продолжат со расчистување на паднатите дрвја и воспоставување нормални услови за живот. Според податоците презентирани на седницата, невремето било проследено со силен ветер со брзина што  предизвика штети од големи размери врз инфраструктурата, електродистрибутивната мрежа, приватните имоти и земјоделските површини. 

МИА

Може да ви се допадне

Нова тревога меѓу сточарите во земјава: Уништени околу 2.700 овци поради појава на сипаници
Цената на нафтата надмина 100 долари поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток
Во Крушево водата е бактериолошки неисправна, да се пие само пакувана
Водата во велешко езеро „Младост“ и натаму не смее да се користи за капење и рекреација, но може да се користи за полевање на околните лозови насади
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Таг:граѓанитеКумановоневреметоштета
Претходен напис Колач со сливи
Следен напис УХМР: За викендот стабилно време, в понеделник повторно дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?