Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градска шума за деца: Во неа најмладите садат дрвца, одржуваат часови и кампуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Градска шума за деца: Во неа најмладите садат дрвца, одржуваат часови и кампуваат
Магазин

Градска шума за деца: Во неа најмладите садат дрвца, одржуваат часови и кампуваат

Објавено 10/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неодамна отворената шума во Данска сведочи дека и децата можат да се грижат за шумите. Локалните власти во соработка меѓу општина Архус и данската организација „Засади дрво“ (Plant a Tree) пред неколку дена претставија детска шума во која децата од градинка и од основно училиште имаат можност да засадат дрвца и да се грижат за нив. Околу 400 деца од различни основни одделенија како и оние од градинките во општина Архус деновиве ги засадија првите дрвја за отворениот ридски предел во Ајструп да го претворат во идна дива шума.

Со 40.000 новозасадени дрвја во крајбрежниот град Ајструп во источен Јутланд, шумата ќе биде главниот проект за проширување на училишните шуми во Данска кои ќе растат и ќе се развиваат и ќе станат место каде што учениците ќе можат да одат на училишни излети и кампување. За време на овие екскурзии, планот е децата да се научат на основните вештини кои ќе им овозможат да живеат и опстојуваат во природа. Поточно, ќе научат да палат оган, да се снаоѓаат без употреба на компас или ГПС, да берат растенија што можат да се јадат а се многу покорисни, а одамна заборавени.

„Децата се идни амбасадори на природата и патувањето во дивината може да им помогне да ги разберат сите вредности и ресурси што ги има природата. Се надеваме дека добрите искуства во природата ќе ги мотивираат децата добро да се грижат за неа“, вели Јенс Досинг, национален претседател на „Засади дрво“, кој помогна да се координираат донациите и да се соработува во создавањето на Детската шума.

Детската шума потенцијално може да добие вкупна површина од 20 хектари. Низ областа ќе поминува само еден шумски пат и еден расчистен пат, а посетителите на шумите ќе треба сами да се пробијат низ шумата, каде што ќе се дозволи сѐ да расте диво. Кога шумата ќе биде целосно развиена, зависи од поддршката на училиштата кои ќе се вклучат во овој проект.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:Данска
Претходен напис Употребата на пестициди пораснала за 36 проценти во последните дваесет години
Следен напис Времето денеска облачно и студено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?