Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градина во село Трешњевац, една од најубавите во Србија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Градина во село Трешњевац, една од најубавите во Србија
Магазин

Градина во село Трешњевац, една од најубавите во Србија

Објавено 06/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градината која се наоѓа во селото Трешњевац, општина Кањижа во Србија, претставува вистинска оаза на убавина и мир. Таа се протега на десет илјади метри квадратни и е резултат на голема креативност, љубов кон цвеќето но и стотина часови вложен труд,  работа и учење. Оваа градината веќе единаесет години, како сложувалка, дел по дел ја создава Лејла Рандовиќ, која по занимање е ветеринарен техничар.

На Лејла Рандовиќ, одгледувањето на цвеќиња со години и претставувало хоби, а за вакво нешто сонувала со години. Градината ја дизајнирала со помош на својот сопруг и како што вели, за ваква градина потребно е многу труд и посветеност.

„Секогаш сакав да ги гледам растенијата, едноставно уживам со нив па затоа решив да направам своја градина“ вели Лејла

Покрај цвеќиња таа одгледува и овошје и зеленчук, а има и вистинска мала шума.

-„За вакво нешто, во првите две три години треба многу труд, но после кога цвеќињата ќе се вкоренат, нема толку многу работа бидејќи тревите нема каде да растат“, објаснува Лејла.

Оваа градина, во 2015 година освојува прва награда на натпреварот за најубава градина во Србија, воодушевувајќи го жирито со својот изглед и раскошните цвеќиња. Во неа има повеќе од триста видови растенија, а љубителите на цвеќе често доаѓаат  тука.

– „Често ми доаѓаат посетители, секој викенд организирам посети. Гостите најпрво  треба да се најават, а после во групи ги примам и  ги носам во градината каде што правиме  мала седенка од  два часа, потоа малку ја разгледуваме градината и им раскажувам за неа “, вели Лејла.

Покрај љубов, за остварување на ваков сон неопходно е и знаење и едукација, па затоа Лејла посетувала тригодишна обука за хортикултурата и одгледување на растенија. Оваа градина претставува одличен спој на креативност, труд и пред се добар вкус.

Извор: RTV

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Лејла Рандовиќнајубава градинасрбијаТрешњевац
Претходен напис До крајот на неделава нестабилно време, со честа појава на врнежи и грмежи
Следен напис Поради климатските промени поларните мечки ќе исчезнат до 2100 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?