Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ГП Богородица подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ГП Богородица подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција
Агровести

ГП Богородица подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција

Објавено 13/05/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред најавеното утрешно отворање на копнените гранични премини кон Грција, најфреквентниот граничен премин Богородица е подготвен во секој поглед да одговори адекватно на предизвикот и по повеќе од една година повторно да се врати на некогашната секојдневена динамика на работа, изјави денеска за МИА командирката на граничната полиција Јасмина Аврамска.

-Имаме доволен број полициски работници и подготвени сме и технички и материјално да одговориме на најавеното отворање на граничните премини со јужниот сосед и покрај тоа што до овој момент од нивна страна немаме добиено никакво известување, рече Аврамска.

Додаде дека вработените полицајци на ГП Богородица и во блиското минато, односно до настапувањето на здравствената криза и затворањето на граничниот премин „Евзони“ ефикасно се справувале и со најголемите гранични гужви кои почнуваа токму во овој период од годината.

-Во истиот период 2019 година, за 48 часа се регистрирани 6626 македонски граѓани од кои 3680 излегле кон Грција, а 2946 влегле во земјава. Кога ќе се земат предвид и останатите странски туристи кои најчесто го користат нашиот премин, на дневно ниво низ ГП Богородица транзитирале по околу 15 илјади патници на излез и влез во земјава, нагласи Аврамска.

Ова се бројки кои одат во прилог на констатацијата дека полициските работници без проблем успешно ќе се соочат со зголемена патничка фреквенција на ГП Богородица доколку се случи утрешното најавено отворање на ГП „Евзони“ низ кој во моментов се одвива само транспортниот сообраќај.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богородицаграница
Претходен напис Дојранскиот колекторски систем во завршна фаза на реконструкција
Следен напис Штипската филтер станица до крајот на годината ќе се приклучи на ХС „Злетовица“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?