Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гоу Грин повторно собира младински еко предлози за зелени општини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Гоу Грин повторно собира младински еко предлози за зелени општини
Магазин

Гоу Грин повторно собира младински еко предлози за зелени општини

Објавено 03/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите млади кои сакаат да бидат дел од зелената еко промена, да поднесат предлог за нивната општина да стане по зелена и по еколошка, апелира здружението Гоу Грин Скопје кое втор пат собира младински барања за зелени општини.

-Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети – тела кои треба да се залагаат за интересите на младите. Преку овој процес го пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Тие да бидат слушнати. Климатската криза со која се соочуваме бара итни мерки и се што е направено доцна само може да не чини повеќе. Затоа е важно овие промени да дојдат од вашите заедници и оттаму да се издигнеме кон решавање на глобалниот предизвик, наведува здружението.

Според Арта Ќерими, проектен координатор, активистите на Гоу Грин креираа младински барања за шест зелени општини, кои подоцна беа успешно потпишани со 18 кандидати за градоначалници од 6-те општини во форма на Меморандум за соработка.

-Оваа година го следиме процесот на реализација на минатогодишните барања и секако поднесуваме нови и свежи предлози од младите за зелена општина. Се радуваме на фактот дека оваа година сме добитници на наградата за младинско учество, поконкретно за овој процес на реализација на младинските барања за зелени општини, награда доделена од Агенција за млади и спорт и Национален Младински Совет, со што се валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања, вели Ќерими.

Гоу Грин смета дека преку создавање и прикажување добри практики меѓу локалните самоуправи и младите луѓе за локални теми поврзани со заштитата на животната средина и климатските промени, се зајакнуваат демократијата и вклученоста на младите во донесувањето одлуки.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:Гоу Гринзелени општини
Претходен напис Пред есенското садење, клучно е да знаете на кое растојание треба да се садат овошките
Следен напис Резидбата на малините го одредува успехот за следната година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?