Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голо Брдо завеано во снег
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голо Брдо завеано во снег
Агровести

Голо Брдо завеано во снег

Објавено 12/01/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обилните и интензивни снежни врнежи ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци.

– Дебелината на снежната покривка е повеќе од половина метар. Сеуште врне. Сите патишта се непроодни. Низ селата чистиме сами со лопати, но без некоја поголема потреба не излегуваме, рече за МИА, Клајди Халили жител на селото Требиште.

Според него засега нема проблеми во нормалното снабдување со електрична енергија.

Дека оваа област е завеана во снег објави и Топ чанел. Телевизијата наведува дека  големи снежни врнежи и ветер има и во други делови на општина Булќиза, каде територијално припаѓа поголем дел од областа,  а поради недоволна механизација не може да се интервенира во сите делови на општината.

Според весникот „Илинден” непрооден е и патниот правец од Требиште кон граничниот премин Џепиште, на албанско- македонската граница кај Дебар.

Овој патен правец е од посебна важност, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, поради близината,  истите ги транспортираат до Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде секогаш излегуваат во пресрет.

Областа Голо Брдо, населена главно со Македонци ја сочинуваат 22 населени места. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:голо брдозавеаноснег
Претходен напис Во целосен прекин сообраќајот Демир Капија – Смоквица, возилата се пренасочуваат по алтернативниот патен правец
Следен напис До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?