Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Големиот пожар на Огражден се очекува денеска да биде изгаснат, над Радовиш е ставен под контрола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Големиот пожар на Огражден се очекува денеска да биде изгаснат, над Радовиш е ставен под контрола
Агровести

Големиот пожар на Огражден се очекува денеска да биде изгаснат, над Радовиш е ставен под контрола

Објавено 16/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откакао вчера беша изгаснат крајниот северозападен крак од големиот пожар кој избувна пред седум денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, денеска се продолжува со гаснење и на југозападниот крак, веднаш до границата со Бугарија. Пожарот се уште е активен, а според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов се разгледува можноста за повторно вклучување на „Ер тракторите“, како што дејствуваа вчера.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, може да се очекува во текот на денешниот ден пожарот да биде изгаснат, но на многу делови и непристапни места догорува напластен сув материјал.

Во изминатите седум дена, според досегашните проценки, изгореа стотитици хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Според последните информации, пожарот во близина на село Штурово над Радовиш, на планината Плачковица, кој започна да гори вчера од 16:20 часот, од синоќа е ставен под контрола и нема опасност да се прошири кон блиските куќи и викендици.

– Условно кажано, пожарот е заокружен од сите страни. Горната страна од кај планината веќе имаме изгорен појас, така што ние сме големи оптимисти дека до претпладне (денеска) пожарот ќе биде ставен под целосна контрола, изјави синоќа Ангелов.

И третиот активен пожар во Југоисточниот регион, меѓу селата Негорци и Кованец во Општина Гевгелија, кој гори од 12 овој месец е активен,но со намален интензитет. Досега е изгорена површина со ниска вегетација, смрека, прнар и даб на површина од околу 100 хектари.

Од ЦУК информираат дека заради специфичноста и недостапноста на теренот, пожарот се следи од страна на 3 пожарникари со 1 теренско возило од ТППЕ Гевгелија и 20 вработени во ЈПНШ-подружница – „Кожув“ Гевгелија. Еден крак од пожарот е активиран и гори мешана нискостеблеста шума кон селото Серменин.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:големиот пожарИзгаснатконтролаОгражденРадовиш
Претходен напис На терен над 100 лица работат на целосно ставање под контрола на пожарот над Битола
Следен напис До петок сончево и многу топло, потоа со локален пороен дожд и благ пад на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?