Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Голем традиционален зелник и специјалитети од искусните паланчанки на „Пивтијада 2023“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > (ФОТО) Голем традиционален зелник и специјалитети од искусните паланчанки на „Пивтијада 2023“
Саеми и манифестации

(ФОТО) Голем традиционален зелник и специјалитети од искусните паланчанки на „Пивтијада 2023“

Објавено 20/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зелник со кисела зелка, по рецепт на искусните домаќинки од кривопаланечкиот крај, солени торти, украсен славски колач, разни благи колачиња приготвени од вештите раце на членките на клубот „Достоинствен живот” од Црвениот крст во Крива Паланка ја збогатија годинашната празнична трпеза на централната манифестација „Пивтијада 2023″ што се одржа вчера во Крива Паланка.

Рецепт посебен нема, едноставно, тоа е традиционален зелник што го подготвувале од памтивек нашите баби, мајки, од кои и ние сме го научиле начинот на подготовка, велат тие.

Зелникот се подготвуваше со над десет килограми брашно, со шеесетина кори, во една од најстарите фурни во градот, „Вардар”.

-Се печеше до рано наутро, во фурната на дрва, а од вештите раце на баба Шана, Анка, Славица, Снежа, Милица, Станче, Зденка, Младенка, Катица, Рушка и останатите, приготвивме зелник со пречник од 1.5 метри и денеска нашите сограѓани можеа да го вкусат. Покрај тоа, од над стотина килограми тесто се приготвивја неколку стотици мекици, кои, исто така, на самиот плоштад ги пржена и послужуваа нашите членки, информира секретарот на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, Дарко Пешовски.

Покрај овие вкусни јадења, како дополнение на богатата, раскошна трпеза на градскиот плоштад, беа послужени рецептите приготвени од сите членки на клубот „Достоинствен живот” кои ги приготвиле во своите домови специјално за оваа манифестација.

Успешната „Пивтијада” помина и во знакот на вкусните пивтии, исто така, готвени по традиционален рецепт, дело на вработените во ресторан “Парк Гиновци” и пицерија “Аквариум”, Крива Паланка.

Може да ви се допадне

Шест грла говеда од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Магла има на планинските премини Плетвар , Ѓавато и планинскиот превој Крушево, снег со слаб интензитет на патот Крива Паланка – Деве Баир
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
(ВИДЕО)Телма: Kрави на слобода, жители на протест, а надлежните не го решаваат проблемот во Крива Паланка
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Таг:крива паланкапифтијада 2023
Претходен напис Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд
Следен напис Поради птичјиот грип, падот на производството низ Европа се надоместува со увоз на пилешко месо од Украина и Бразил
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?