Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството
Агровести

Голем интерес во Пелагонија за инвестиции со државна помош во земјоделството

Објавено 09/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување и поддршка во развојот на земјоделството (АПРЗ) регистрира голем интерес од страна на земјоделците во Пелагонија за користење на државна помош за инвестиции во земјоделството.

Во изјава за МИА, директорот на АПРЗ, Пеце Стојковски истакна дека на два денови пред истекот за рокот за пријавување, евидентирани се над 3000 апликанти.

-Како што е познато од Националната програма за рурален развој беа објавени неколку јавни повици инвестиции во земјоделството. Повици се однесуваат на инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, за набавка на приклучна механизација, инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и неживотинско потекло од мал обем и инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем, кои се во тек и еден повик за набавка на трактори кој заврши на 7 јули. Интересот е голем, пријавени се над 3000 земјоделци, но со оглед дека некои апликанти по навика го чекаат последниот ден, може да се очекува до 11 јули кога јавниот повик се затвора, да се пријават и други заинтересирани лица, потврди Стојковски.

Во процесот на подготовка на документацијата, за условите, висината на финансиската помош и начинот за поднесување барања помагаа советници од Агенцијата за поддршка во развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Како што е познато, финансиската поддршка се доделува во вид на неповратни грантови до 600.000 денари, а право на аплицирање имаат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

МИА

Може да ви се допадне

Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Таг:Голем интересдржавна помошземјоделствотоинвестицииПелагонија
Претходен напис (ВИДЕО) Хеликоптерот на МВР повлечен од Визбегово поради густиот чад
Следен напис Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?