Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Годинава за првпат се воведува програма за поддршка на малите производители на храна преку која се обезбедува грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од куќен праг или од фарма
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Годинава за првпат се воведува програма за поддршка на малите производители на храна преку која се обезбедува грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од куќен праг или од фарма
АгровестиСубвенции

Годинава за првпат се воведува програма за поддршка на малите производители на храна преку која се обезбедува грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од куќен праг или од фарма

Објавено 10/02/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Љупчо Николовски, денеска ги презентираше програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2023 година.  Меѓу другото, информираше и за новата програма за поддршка на малите производители на храна.

„Нова програма која од годинава за првпат ја воведуваме е програмата за поддршка на малите производители на храна преку која обезбедуваме грант од 10.000 евра за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од куќен праг или од фарма.

Корисници на оваа програма се земјоделските стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства за Министерството кои се регистрирани или евидентирани како оператори за храна од животинско или неживотинско потекло во Агенцијата за храна.

Нашата цел преку оваа програма е да мотивираме нови 2000 земјоделци кои веќе произведуваат некој традиционален или локален производ да се регистрираат за продажба од праг и да можат легално да ги продаваат нивните производи но и да го развијат модернизираат и опремат своето производство.“, информираше Николовски.

Исто така министерот најави дека продолжува поддршката за малите семејни винарии, која се проширува со поддршка на малите дестилерии.

„Програмата за финансиска поддршка за малите семејни винарии ја продолжуваме и оваа година проширувајќи ја и со поддршка на малите дестилерии. На овој начин обезбедуваме грант од 10.000 евра за новорегистрираните семејни винарии и 5.000 евра грант како поддршка на малите дестилерии.
Корисници на мерката за поддршка на мали дестилерии можат да бидат земјоделци, мали производители на жестоки алкохолни пијалаци регистрирани во единствениот регистар на одобрение на мали производители на пиво,вино, етил алкохол и жестоки пијалаци евидентирани како акциски обврзници во царинската управа. Програмата за мали дестилерии, за мали семејни винарии е 15 милиони денари, програмата за мали производители на храна изнесува 35 милиони денари“, рече Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дестилериикуѓен праг
Претходен напис Започнува со примена новиот модел на субвенционирање – Земјоделците добиваат директна субвенција авансно во висина од 30% во текот на годината, поголеми субвенции за сточарите…
Следен напис Со дегустација на вина и ракии започна „Неделата на виното“ во Неготино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?