Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Global Trade & Growth Forum 2026: Поврзување на македонските компании со глобалните пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Global Trade & Growth Forum 2026: Поврзување на македонските компании со глобалните пазари
Агровести

Global Trade & Growth Forum 2026: Поврзување на македонските компании со глобалните пазари

Објавено 27/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како македонските компании да станат поконкурентни на меѓународните пазари, подобро да ги искористат стратешките трговски коридори и да изградат посилни глобални партнерства ќе биде во фокусот на првото издание на Global Trade & Growth Forum 2026, што денеска се одржува во Скопје, во организација на Швајцарско-македонската стопанска комора (SwissCham North Macedonia), во стратешко партнерство со меѓународната транспортна и логистичка компанија Mediterranean Shipping Company (MSC).

Форумот се организира со поддршка на Швајцарија, преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со придонес на програмите IME, SIPPO и SwissEP.

-Во услови на зголемена глобална конкуренција и промени во меѓународните синџири на снабдување, пристапот до нови пазари, ефикасната логистика и препознатливоста на производите стануваат сè поважни за растот на македонските компании. Токму затоа, форумот ќе поврзе над 200 претставници на домашната и меѓународната деловна заедница, инвеститори, извозници, носители на одлуки, дипломатски претставници и експерти од земјата и поширокиот регион, посочуваат од SwissCham.

Преку оваа иницијатива, нагласуваат, SwissCham ја зајакнува својата улога како платформа за поврзување на македонската економија со меѓународните пазари, деловните мрежи и швајцарското искуство, со цел создавање нови можности за трговија, инвестиции и долгорочни партнерства.

- Реклама -
Ad image

-Нашата амбиција е Global Trade & Growth Forum да прерасне во платформа која ќе отвора конкретни можности за македонските компании – од подобра логистичка поврзаност до пристап до меѓународни пазари и нови деловни партнерства. Преку SwissCham сакаме да го приближиме швајцарското и меѓународното искуство до потребите на домашниот бизнис-сектор и да придонесеме кон зајакнување на конкурентноста на македонската економија- изјави Соња Стефановска, претседател на SwissCham North Macedonia.

МИА

Може да ви се допадне

Цените на нафтата намалени за околу еден процент поради дипломатските напори за решавање на конфликтот на Блискиот Исток
Унапредување на системот за спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози
Иницијатива за НАЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА КОНФЕРЕНЦИЈА
Андоновски: 25 милиони евра за иновациски проекти, целта е поддршка за 300 компании и 700 нови работни места
Таг:Global Trade & Growth Forumглобалните пазаримакедонските компании
Претходен напис Унапредување на системот за спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Следен напис Цените на нафтата намалени за околу еден процент поради дипломатските напори за решавање на конфликтот на Блискиот Исток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?