Денес, министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со министерот за животна средина Насер Нуредини и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, прусуствуваа на пуштањето во употреба на новата мониторинг станица за квалитет на воздух со што бројот на официјалните мониторинг станици во државата се зголеми на 18 и една дополнителна, мобилна мерна станица.

„Како министер кој што ја има одговорноста да ја координира имплементацијата на ИПА програмата за прекугранична соработка би сакал да ги повикам и другите општини, институции и организации да подготвуваат проекти со кои што реално ќе им помагаат на граѓаните. Се мобилизираме за во наредниот програмски период уште подобро да ја насочиме финансиската поддршка од предпристапните фондови на Европската Унија“ изјави министерот Милевски.
Министерот за животна средина Насер Нуредини рече дека:
„Ова значи збогатување на националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот, со што всушност ги остваруваме нашите стратешки цели и приоретити како Министерство за животна средина и просторно планирање и како Влада на Република Северна Македонија. Имено, борбата за подобрување на квалитетот на воздухот во рамки на предвидените краткорочни и долгорочни активности подразбира и одржување во добра кондиција на Државниот автоматски систем за квалитет на амбиенталниот воздух, но и зголемување на бројот на мерните станици“

Мониторинг станицата е набавена преку проектот „Развој и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот“ кој се спроведува во рамките на Министерството за животна средина и просторно планирање, а истиот е финасиран од Interreg-IPA CBC програмата помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција.
За реализација на овој проект, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка го финансираше проектот во вкупна вредност од скоро еден милион евра за двете држави, а националното кофинансирање во вредност од 15 % го обезбеди Министерството за локална самоуправа.
