
Трпезното вино произведено од грозје кое се берe во текот на зимата и тоа замрзнато, прв пат не успеа бидејќи зимата беше многу топла. ББС пишува дека ниту еден од 13 германски лозарски региони немал температура од барем – 7 степени Целзиусови, потребни за производство на таканаеченото ледено вино.

– „Оваа година ќе влезе во историјата на Германија како прва година во која ледената берба пропадна ширум земјата“, се наведува во соопштението на Германскиот институт за вино.
Од таму потенцираат дека, ако топлите зими продолжат и во наредните години, ледените вина од германските вински региони наскоро ќе станат уште поретки отколку што беа до сега.

Минатата деценија се потврди како најтопла, и стана проблем за производство на ледено вино. Последните години „ледената берба“ е одложувана за јануари или февруари, додека грозјето зреело се порано, објави Германскиот институт за вино.

Еiswein- е популарниот назив на ова вино кое претставува оригинален производ на пазарот и затоа едно шише од половина литар од ова вино, достигнува цена од 60 евра. Грозјето се бере на ниска температури од -7 степени Целзиусови без ракавици и претставува вистински ритуал. На оваа температура водата во грозјето замрзнува, но екстрактот на виното,шеќерот,винската киселина и аромата на зрното се зачувуваат.

Се потенцира дека производството на ваков вид на вино претставува ризик, се ангажираат работници во поголем број затоа што е неопходно целата количина на грозје да се собере за неколку часа, особено во утринските часови кога е студено и температурите се ниски.
Напишете коментар