Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германија: Скок на цената на земјоделското земјиште – што е причина?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германија: Скок на цената на земјоделското земјиште – што е причина?
Агровести

Германија: Скок на цената на земјоделското земјиште – што е причина?

Објавено 07/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Oткупните цени на земјоделското земјиште во Германија се за три пати повисоки, сметајќи од 2005 година, пишува agrarheute. Статистиката покажува дека таа година хектар во просек чинел 8.692 евра, но во 2019 година, таа цена достигнала 26.469 евра.

Истовремено, според тамошното Министерство за земјоделство, продуктивноста на аграрниот сектор се зголемила само за 22% во истиот период, што значи дека наглиот раст на цените не може да се образложи со поголема продуктивност. Од гледиште на сојузната влада, шпекулантите се клучен двигател на растот на цените, бидејќи ограничените земјишни ресурси ветуваат добар поврат и им овозожуваат борба со малите земјоделци, кои во една рака им се и конкуренти.

Имено, после крајот на Германската демократска република, големите земјоделски задруги во државна сопственост се укинати и приватизирани. Продажбата на големи површини набрзо ги привлекла надрегионалните вложувачи, кои немаат директна врска со аграрот, но влиајеле на растечките цени на овој ресурс.

Големите компании ги зголемиле површините за 41%

Министерката за земјоделство, Јулија Клокнер изјави дека единствено покраината Baden-Württemberg (на југот на Германија) во рамки на своите надлежности преземала делотворни мерки против таквите шпекулации. Таму вредноста паднала за 1,9% додека на пример во Бранденбург (исток) скокнала за дури 7,3%. Клокнер ги обвини останатите сојзуни држави дека предоцна сфатиле дека инвеститорите драстично ги зголемиле цените од финансиската криза во 2007 година. Таа додава и дека сите покраини ги имаат дополнителните инструменти на земјишниот закон, но не ги применуваат доследно.

Затоа предложила и против мерки, вклучително измена кај купувањето на акции на фармите при што купувачите досега можеле да заштедат на данок на промет на недвижнини, а овој закон за земјиште би требало да стапи на сила на 1 јули.
Имено, во периодот од 2007 до 2017 година и така веќе големите земјоделски претпријатија ја зголемиле својата површина во просек за 41%.

Понатаму, таа планира построги казни за наемателите кои не ја пријавуваат земјата во закуп. Смета дека младите земјоделци и новонастанатите стопанства мораат да имаат подобар пристап на тој пазар. Со тоа, властите треба да развијат делотворни алатки за да го запрат повлекувањето на тој ресурс од земјоделските дејности, што предизвикало во 1992 година оваа држава да изгуби дури 1,5 милиони хекатри обработливи површини.

Ресорната министерка во својата Иницијатива за чесен пазар на земјоделско земјиште тврди дека растечките цени на дефицитарни добра не би биле непримерни и неочекувани, но проблем е во тоа што сè поголем удел од приходот припаѓа на неземјоделски сопственици на земја кои моментално имаат во сопственост околу 60% од површините.

Огромни разлики од регион до регион

Кога ја набљудуваме Европа, најскапо земјоделско земјиште има во Холандија и Италија. Но, таму, не се забележани некои разлики во цените помеѓу регионите како во Германија. Освен веќе наведените, една од причините е тоа дека земјиштето се претвора во градежно и дека на него сè повеќе се градат ветроелектрани и се поставуваат соларни панели бидејќи така може да се заработи повеќе отколу од земјоделството, наведува agrarheute. Тоа исто така предизвикува скок на цените, чиј раст го поттикнуваат и инвеститорите кои не се занимаваат со земјоделство, особено во Источна Германија.

Во повеќето европски земји земјиштето е најскапо таму каде што поголем дел е во приватна сопственост на земјоделците во однос на закупеното. Спротивно, таму каде има повеќе површини под наем, цените се пониски. Но тоа во принцип не се однесува во целост на Германија. Тамошните фармери поседуваат околу 38% обработливи површини, додека во Холандија, Италија и Ирска дури 80% се во сопственост на фармерите.

Највисоки цени на земјиштето се во Баварија каде што земјоделците за хектар плаќаат од 63.600 до 115.000 евра. Следуваат Северна Рајна – Вестфалија со 54.000 евра и Долна Саска со 38.000 евра, а според економистот, Павел Циаиану од Центарот за европски политички студии важен двигател на разликите во регионалните цени е продуктивноста на фармите.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:земјиште
Претходен напис Нова инвестиција на „ЛЕАР“ и „Нормак Инвестмент Груп“ во ТИРЗ Тетово
Следен напис Калафатис за копнениот туризам: Ова лето ќе биде подобро и ќе дојдат повеќе туристи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?