Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Генералка викенд“ на 8, 9 и 10 мај – десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и над 250 државни институции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Генералка викенд“ на 8, 9 и 10 мај – десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и над 250 државни институции
Агровести

„Генералка викенд“ на 8, 9 и 10 мај – десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и над 250 државни институции

Објавено 06/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи најмасовната еколошка акција во земјава и регионот „Генералка Викенд“, која годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и повеќе од 250 државни институции и компании.

Акцијата прерасна во национална традиција и најголема логистичка операција за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Во текот на трите дена ќе се реализираат активности на повеќе од 500 локации низ целата држава, координирани од општините во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија.

Официјалниот настан за отворањето на  „Генералка викенд“ 2026 е во 9 часот на 8 мај и ќе го води Град Скопје со чистење на кејот на реката Вардар. Еко акцијата е организирана и поделена во осум тимови, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со Комунална хигиена и Паркови и зеленило ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

Помеѓу многуте активности, се спроведуваат и посебни акции како што се: Чистење на дивите сметилишта во Националниот парк Шар Планина, предводени од 20 припадници на Вооружените сили, чувари на Националниот парк, експертски тим на австриската компанија за управување со отпад Саубермахер и локалното население. Како и еко акција во Охрид (Конгресен центар), за заштита на крајбрежјето, во соработка со студенти и професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Општина Охрид, клубовите Сороптимист Мома Охрид и Сороптимист Вадуц како дел од најстарата и најголема светска женска организација Сороптимист Интернешнл и со поддршка на Саубермахер.

Покрај сите активности за чистење на терен, преку соработката меѓу Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, еко-образовната програма „Еко час“ се спроведува во училиштата низ целата земја и во соработка со „Генералка викенд“.

Еко акцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја.

Успехот е резултат на долгогодишно партнерство помеѓу  „Генералка викенд“ и официјалните партнери: Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Саубермахер, КАЗ Груп и Шпаркасе Банка. Нивниот придонес и заедничките заложби за почиста татковина и правилно управување со отпадот ја движат еко акцијата напред. Организации како ЗЕЛС, Црвениот крст, со институционална поддршка од многу министерства, УНИЦЕФ, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Вооружените сили, стотици невладини организации и општините ја пренесуваат пораката гласно и јасно: Подготвени сме да го рециклираме отпадот од минатото за зелена иднина! Максимата на иницијативата останува иста „Да се извалкаме и да исчистиме!“.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:10 мај89волонтеригенералка викендинституции
Претходен напис Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика
Следен напис Андоновски: Очекувам добри вести за роамингот во јуни на самитот ЕУ – Западен Балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?