Добро снабден пазар не признава сезона. Ова особено важи за пиљарите на „Жито Маркети“ кои ги обезбедува домашната компанија „Fruit Land“.

Секогаш одлично снабдени, со врвен квалитет, најмногу од домашно производство, пиљарите на „Fruit Land“ се позната дестинација за набавка на овошје и зеленчук. Во моментов ваква понуда има во маркетите во Велес, Скопје, Росоман и Градско, скоро ќе се носи во Битола и Охрид, а потоа и во „Жито Маркетите“ во Тетово, Гостивар и Кичево.

Од „Fruit Land“ најавуваат збогатување на понудата наскоро и со свежа домашна јагода. Нивната амбиција е препознатливост на маркетите токму по свежото овошје и зеленчук.

Компанијата „Fruit Land“ откупува земјоделски производи, а најавуваат и изградба на откупен центар од 1000 м2 .
Сите заинтересирани земјоделци и агробизнисмени можат повеќе информации за откуп на земјоделски производи да добијат преку порака на Viber или WhatsApp на телефонскиот број: 070 375 378 или на [email protected]
Во овој период особено интерес од страна на „Fruit Land“ има за откуп на ГРАДИНАРСКИ производи – зелка, компир, целер, марула, спанаќ итн.
