Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато
Агровести

„Фронт 21/42“: 17 граѓански организации бараат итно спроведување на меѓународното законодавство за законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Објавено 27/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на вчерашниот ден 17 организации испратија барање до премиерот Мицковски и министерот Меџити итно и во консултации со експертската јавност и граѓанските здруженија да се спроведе ревизијата на студиите за валоризација на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато и да се финализира процесот на прогласување на заштитените подрачја.

Граѓанските организации го поздравија повлекувањето на Предлог законите за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Студенчишко Блато за парк на природата од собраниска процедура, но истакнаа дека се додека не се финализира процесот не се спроведени меѓународните договори, Уставот и Законот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. 

Итното спроведување на препораките на Бернската конвенција и одлуките на Комитетот за светско наследство не е само неопходен предуслов за воспоставување на ефективна и ефикасна правна заштита на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато кои подолго време се во алармантно лоша состојба, туку и неодвоив дел од стратегиската цел на Владата за владеење на правото и воспоставување на правна држава. Ставот на организациите е дека доколку Владата и надлежното Министерство не ги спроведуваат доследно Уставот и законите, правната држава не е ни на повидок.    

Барањето го потпишаа Фронт 21/42, Центар за правни истражувања и анализи, Македонско здружение на млади правници, Граѓанска иницијатива Охрид ЅОЅ, Институт за комуникациски студии, О2 ИНИЦИЈАТИВА, Центар за истражување и креирање политики, ЕКО-ЖИВОТ, Движење на екологисти на Македонија, Новинари за човекови права, Балканска водна мрежа, ЕКО ЛОГИК, ЕЗ Здрава Котлина – Струмица, Национален ромски Центар Куманово, Институт за демократија, Здружение за социјални иновации и одржлив развој РАДАР и Го Сакам Водно.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:граѓански организациизаконодавствоОхридско ЕзероСтуденчишко БлатоФронт 21/42
Претходен напис Намалени водостоите на езерата
Следен напис Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?