Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фредериксен: Нема да ја уценувате Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фредериксен: Нема да ја уценувате Европа
Агровести

Фредериксен: Нема да ја уценувате Европа

Објавено 18/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен по објавување на заедничката изјава на осумте европски земји за најавените дополнителни американски царини, истакна дека нејзината Влада имала „интензивен дијалог“ со сојузниците, меѓу кои и германскиот канцелар, претседателот на Франција и британскиот премиер.

– Кралството Данска добива силна поддршка. Во исто време, сега е уште појасно дека ова е прашање што е надвор од нашите сопствени граници. Затоа е уште поважно да останеме цврсти во основните вредности врз кои е создадена европската заедница. Ние сакаме да соработуваме и не сме тие што бараат конфликт. Задоволена сум од конзистентните пораки од континентот: Европа нема да биде уценувана, наведе Фредериксен.

Претходно, премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе на претпазливост во евентуалната трговска војна со САД по најавените царини за земјите кои го поддржуваат Гренланд.

– Мислам дека би требало да бидеме многу внимателни за да не дојде до трговска војна која би излегла од контрола. Мислам дека никој нема да има корист од неа, посочи Сторе.

И премиерот на Финска, Петери Орпо наведе дека царините „не служат никому“ и оти ќе им наштетат и на Европа и на САД.

– Ставот на Финска е дека сите прашања помеѓу сојузниците треба да се решаваат преку разговори, а не преку притисок, истакна Орпо.

Според него безбедноста на Арктикот е клучно прашање за Финска.

– Ние се стремиме да ја зачуваме безбедноста на Арктикот заедно со сите наши сојузници, почитувајќи го територијалниот интегритет на Данска и Гренланд, наведе Орпо.

Додека премиерот на Ирска, Мајкл Мартин најави дека ЕУ „очигледно ќе возврати“ на американските царини доколку тие бидат воведени на 1 февруари.

Тој нагласи дека „мора да се случи дијалог“ за да се спречи трговска војна. Но, според Мартин барањата за активирање на инструментот на ЕУ против принуда се „малку прерани“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ја повика Европската унија да го користи својот инструмент против принуда, таканаречената „трговска базука“, како одговор на царините што би можеле да ги воведе администрацијата на Трамп.

Тоа е алатка што ЕУ може да ја користи кога владата на друга земја се обидува да изврши економски притисок врз земјите-членки. Тој инструмент, меѓу другото, може да се користи за да им се одземе правото на компаниите од одредена земја да инвестираат или да учествуваат во јавни тендери на територијата на Унијата.

Трамп тврди дека поради националната безбедност и засиленото присуство на Русија и на Кина на Арктикот, САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд. Тој најави дека од 1 февруари ќе воведе нови царини за осум европски држави, што ќе бидат во сила додека „не биде склучен договор за целосна и комплетна продажба на Гренланд“. Трамп најави и дека царините би можеле да се зголемат и до 25 проценти од 1 јуни.

Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Велика Британија во денеска објавената заедничка изјава наведоа дека таквите чекори ги поткопуваат трансатлантските односи.

– Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна спирала надолу. Продолжуваме да бидеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет, се посочува во заедничката изјава.

Исто така наведоа оти како членки на НАТО се посветени на зајакнување на безбедноста на Арктикот како заеднички трансатлантски интерес.

– Воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на тоа и не претставува закана за никого, се додава во заедничката изјава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДанскаТрампцарини
Претходен напис Богојавление е најсилната ноќ во годината: Секој треба да го направи точно ова на полноќ
Следен напис Студено и сончево, минималната температура – 8, максималната 6
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?