Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Живот во облаци и снег: Погледнете како изгледа „највисокото“ село во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Живот во облаци и снег: Погледнете како изгледа „највисокото“ село во Европа
Магазин

(ФОТО) Живот во облаци и снег: Погледнете како изгледа „највисокото“ село во Европа

Последна измена: 07/12/2022 12:50
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во поголемиот дел од годината, жителите на „највисокото“ село во Европа немаат контакт со остатокот од светот.

Помеѓу 2.060 и 2.200 метри надморска височина, на планината Шара во Грузија, во регионот Сванети, се наоѓа „највисокото“ населено место во Европа, кое е населено преку целата година.
Ушгули е всушност заедница од четири помали села: Жибијани, Чвибијани, Чажаши и Муркмели и во нив живеат околу 70 семејства или околу 200 жители. Куќите во селото се главно рурални, а некои од нив се под заштита на УНЕСКО.

Селаните велат дека зимата овде трае 7 месеци.

Селото Ушгули се наоѓа во областа Сванети позната по своите кули. Некогаш ги имало дури 400. Кулите служеле за заштита на соседите една од друга. Многу од кулите за жал се урнати, иако Ушгули е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.

Единствениот пат до кој се стигнува до ова село е патот кој води до градот Лентехи, а често не е достапен. Во текот на летото, можно е да се стигне до највисокото село во Европа со автомобил, но во зима најчесто тоа не е можно.

Сепак, на жителите на ова село тоа не им пречи. Тие се навикнати на условите во кои живеат. Нивните деца одат во локалното училиште, а таму ги има сите потребни институции за функционирање на селото.
Посебна атракција на ова место е капелата од 12 век, изградена за време на владеењето на кралицата Тамара, а покрај неа има уште неколку објекти на списокот на светско наследство на УНЕСКО, од кои за Сванети се особено карактеристични одбранбените кули – област инаку богата со историја.

Токму поради недопрената природа и автентичниот изглед, ова село се почесто се наоѓа на мапите на туристите. Оние кои веќе биле таму, велат дека се воодушевени и од природата и од љубезноста на локалното население.

Може да ви се допадне

Корисни совети за заштита од оси лете
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Го замени жешкиот асфалт со мотика: Бане Томашевиќ одгледува живина на село
Таг:грузијарурален развојушгули
Претходен напис Земјите ширум светот ги олабавуваат прописите за увозот, а го ограничуваат извозот, особено на храната и ѓубривата
Следен напис Од полноќ поевтинуваат бензините
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?