Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО+ВИДЕО) Во пожар предизвикан од палење на стрништа изгоре земјоделска механизација кај село Мојанци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО+ВИДЕО) Во пожар предизвикан од палење на стрништа изгоре земјоделска механизација кај село Мојанци
Агровести

(ФОТО+ВИДЕО) Во пожар предизвикан од палење на стрништа изгоре земјоделска механизација кај село Мојанци

Објавено 18/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во пожар предизвикан од палење на стрништата во оризовите полиња, доцна попладнево изгоре помошен објект и земјоделска механизација кај кочанското село Мојанци.

Од Територијалната противпожарна единица од Кочани за МИА информираа дека четири нивни екипи со возила интервенираат на неколку локации, а најсериозна е состојбата меѓу селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог.

Фото/Facebook/Мојанци

– Силниот ветер го отежнува гаснењето на оганот што се издига и по неколку метри, со оглед што гори сува слама и трска. Во атарот на Мојанци и покрај нашата интервенција, не успеавме да спасиме механизација за балирање слама и помошен земјоделски објект, кои целосно изгореа. Теренот е каллив и тешко пристапен, бидејќи во некои оризови ниви сè уште има вода. Поради брзото ширење на пламенот кон селото Горни Подлог, нашите пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат евентуално оштетување на куќите и другите објекти во близина. Слично е и кај Грдовци, каде огнот дојде сосема блиску до првите куќи на влезот во селото. Во текот на ноќта ќе бидеме дежурни на терен, а доколку се јави потреба ќе ангажираме дополнителни екипи, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Фото/Facebook/Мојанци

Како што информира претходно ЦУК, во пожарот помеѓу селата Грдовци и Мојанци опжарена е површина со сува трева од околу 30 хектари, а изгореле и неколку плевни и една машина балирачка.

Фото/Facebook/Канал осум

Според ЦУК, интервенцијата за гаснење на запалено стрниште во близина на Горни Подлог на повеќе пожарникари со противпожарни возила започнала околу 18 часот.

Фото/Facebook/Мојанци

Палењето на стрништата и сламата по завршената жетва на оризот е вообичаена практика на земјоделците во овој период, а целта е да ги олеснат подготовките на површините за пролетната сеидба.

Фото/Facebook/Канал осум

Пожарникарите упатија апел до оризопроизводителите да не ги палат жетвените остатоци во полињата за да се спречат материјални штети и посериозни последици за безбедноста за жителите од селата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мојанципожар
Претходен напис Најмногу дожд во Лазарополе, на Попова Шапка 22 сантиметри снег и магла со видливост до 50 метри
Следен напис Цените во земјоделството во ЕУ во 2022 – Најмногу поскапеле три производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?