Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото-Видео) Тракторите си замина од Атина, земјоделците велат дека испратија јасна порака до Владата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Фото-Видео) Тракторите си замина од Атина, земјоделците велат дека испратија јасна порака до Владата
Агровести

(Фото-Видео) Тракторите си замина од Атина, земјоделците велат дека испратија јасна порака до Владата

Објавено 21/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Си заминуваме од Атина, но нашите активности не завршуваат тука, испративме јасна порака до Владата, велат за МИА дел од грчките земјоделци кои со над 150 трактори вчера пристигнаа во грчкта метропола, во текот на ноќта останаа пред Парламентот, а си заминаа денеска.

Тракторите претпладнево, исто како и што дојдоа во Атина, така и си заминаа, организирано, со свирење низ улиците во центарот на градот, со поздравување на граѓаните што во тие моменти беа присутни, но и со полициска придружба.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина коментираат дека заминуваат со надеж дека вчерашниот масовен протест за нив ќе донесе резултати и позитивен одговор од Владата и не го кријат задоволството од поддршката што ја добија од граѓаните.

-Навистина е прекрасно чувството што сите нè поддржаа, сите нè поздравуваа додека патувавме кон Атина, знаеме дека граѓаните се со нас. Веруваме дека Владата ќе ја прими пораката, истакнува еден од земјоделците.

Објаснуваат дека нивните барања остануваат непроменети односно од Владата бараат намалување на трошоците за производство, пред сè со намалување на цената на струјата, но и ослободување од данок за земјоделската нафта.

Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса Ризос Маврудас кој беше дел од 15-члениот Комитет на земјоделците на минатонеделниот состанокот со грчкиот премиер, во разговор со дописничката на МИА од Атина посочи дека по синоќешниот масовен собир „порано или подоцна, Владата ќе мора да ги исполни нашите барања“.

-Се враќаме кај нашите блокови, ќе одржиме состаноци, ќе ги информираме нашите колеги за масовниот протест со кој сметаме дека испративме јасна порака до Владата и очкуваме мерки за поддршка и исполнување на нашите барања. Ние ќе продолжиме да се бориме на сите начини и во сите облици, порача Маврудас.

Поголемиот дел од земјоделците, оние кои пристигнаа со автобуси и автомобили,  од Атина си заминаа синоќа, веднаш по протестот, додека пак тракторите останаа паркирани во текот на ноќта.

Вчерашниот протест во Атина заврши мирно и масовно, земјоделците добија поддршка од синдикатите, од разни здруженија, како и од студентите, а според процените на полицијата учествуваа околу 10.000 демонстранти.

По протестот, над 150 трактори со транспаренти со слоганите „Без земјоделци, нема храна“, „Денеска е погребот на сточарството“; „Земјоделци, борете се, ви ја пијат крвта“, но и црни и грчки знамиња, останаа 20 часа паркирани пред грчкиот Парламент. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:атиназаминаземјоделцитејасна поракаТракторите
Претходен напис Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица
Следен напис Шпанските земјоделци со трактори се упатија кон Мадрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?