Во ЈГПБР „Меден Исток“, 30% од членовите се жени од руралните средини од Брегалничкиот регион, а една од нив е и Васка Спасовска од Македонска Каменица која за прв пат се запознала со пчеларството на обуката организирана од Програмата за зачувување на природата.
Како и сите останати членови на здружението, Васка пчелари на одржлив начин, без употреба на синтетички хемиски средства. Пчелите ги одгледува во двор на стара семејна куќа во с. Костин Дол. Местото нема никакви извори на загадување и изобилува со прекрасна природа опкружена со ливади, багрем, бор, даб и друго, што особено придонесува за добивање на природен и квалитетен мед.
https://medenistok.mk/proizvoditeli/vaska-spasevska/https://medenistok.mk/proizvoditeli/vaska-spasevska/
