Вчера ја имавме една од најдобрите регионални средби за размена на искуства што сме ги направиле како Рурална Коалиција и како Наша тезга.
Жените од првата Академија на жени претприемачки од руралните средини Dream Builder имаа можност вчера да се дружат и да разменуваат искуства со успешните рурални жени од Преспа Spirit of Prespa но, и да ги претстават своите бизнис идеи пред претставниците на Амбасадата на САД во нашата земја.

Вчера успеавме да видиме што значи спој на традиција, земјоделско производство, на млад ентузијазам, на сложна работа, на промоција на она најдоброто што го имаме, а тоа е токму производството на храна!

Распространети на повеќе од 5 хектари сопствено земјиште насадено со јаболка и чај, со поставена маса на домашни специјалитети под ведро небо вчера имавме можност да видиме дека може да се живее, а и може успешно да се работи на село!

Нека вчерашната наша средба и размената на искуства, знаења, учењето од сопствените грешки биде мотивација и инспирација да се чекори по патот кон успехот не само за жените кои што се дел од Академијата туку и за секоја жена која што живее во руралните средини!

Посетата на Рурални Жени од Преспа ја реализиравме во партнерска соработка со U.S. Embassy North Macedonia, а во рамките на Меѓународната академија за жени претприемачки од руралните средини која што ја спроведува Рурална Коалиција.



Фејсбук-статус на Рурална Коалиција