Санирани се штетите по невремето кое вчера попладне го зафати селото Саса. Во санацијата беа вклучени екипи на каменичкото комунално претпријатие „Камена Река“, кои до доцна вечерта работеа на расчистување на оштетените патиштата.

-Поради невремето и поројните дождови сообраќајот во село Саса се одвиваше отежнато. Итно беше потребна акција во која учествувавме со крупна механизација која до доцните попладневни и вечерни часови беше вклучена во интензивно чистење на карпестите наноси – информираа од претпријатието.

На оние места каде што има потреба, како што додадоа, ќе продолжат и во текот на денешниот ден.
Невреме проследено со поројни дождови вчера го зафати и Пехчевскиот регион. Освен поплавени улици во ова општина не се регистрирани поголеми штети.




Најпогоден неделава беше Делчевскиот регион, каде поради врнежи од град, настрадаа дел од градинарските култури во неколку села во Делчевско.


