Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Пензионерски дом за крави – Поранешен сточар се грижи за животните на поинаков начин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Пензионерски дом за крави – Поранешен сточар се грижи за животните на поинаков начин
Магазин

(Фото) Пензионерски дом за крави – Поранешен сточар се грижи за животните на поинаков начин

Објавено 19/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јан Гердес од провинцијата Долна Саксонија, германија, го наследил семејниот бизнис од неговиот дедо и татко. Со години одгледувал животни за да го издржува своето семејство, но постојано имал желбата да се грижи за животните на поинаков начин.

„Како производител на млеко, јас бев жртва на системот. Од една страна, морав да се грижам за моето семејство, но од друга страна повеќе не можев да ги одделувам телињата од нивните мајки. Особено немав срце да ги испраќам „непрофитабилните крави“ на колење“, рече Гердес.

По многу размислување, во 2002 година тој одлучил да ги продаде сите свои крави.

Оставил само 12, но кога требало да ги одведе на колење, не можел да го направи тоа.

Одлучил да се грижи за нив додека не умрат од природна смрт.

Сега, речиси дваесет години подоцна, Јан и неговата партнерка Карин Мак, децата и другите вработени, се грижат за дваесетина крави кои се во пензија.

May be an image of animal, grass and nature
Фото: Facebook

Меѓу нив има две од првите дванаесет крави, Мартина и Магда.

Додека Мартина е омилено милениче, Магда е повлечена и не сака да ја „гњават“, а во пензионерското засолниште го почитуваат тоа. Поранешниот сточар прво се плашел дека тој и неговото семејство ќе завршат на просјачки стап.

„Веќе немав приходи од производство на млеко и морав да најдам друг начин да заработам. Моравме да ги потрошиме сите заштеди за да преживее засолништето, но сѐ се смени кога луѓето дознаа што правиме овде“, објаснува Јан.

May be an image of animal and grass
Фото: Facebook

Потоа Јан и Карин почнале да изнајмуваат соби за одмор на имотот, и луѓето полека почнале да сфаќаат каде доаѓаат и да донираат пари потребни за целосна грижа за животните.

Во 2007 година, Јан и Карин одлучиле да го официјализираат непрофитното засолниште за крави и други животни на кои им е потребна грижа.

Денес, пензионерскиот дом за крави се вика „Хоф Бутенленд“, и е дом на разновидни животни спасени од разни форми на штета и експлоатација, а благодарение на големата поддршка и брзина, секое животно има доволно простор, храна, здравствена заштита и не се плаши од колење или каков било вид експлоатација.

May be an image of goose
Фото: Facebook

Тие само што подигнале нова штала за зимата, а животните станаа и sвезди.

May be an image of outdoors
Фото: Facebook

За пензионерскиот дом беше снимен документарниот филм „Butenland“, кој зборува за патот што Јан го поминал од сточарството до активизам.

Може да ви се допадне

Ликер од зелени ореви
Магариња лекуваат пациенти со психички болести во психијатриска болница во Франција
Шарени ражничи
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:крави
Претходен напис Што би можел да донесе новиот закон за добросостојба на животните?
Следен напис (Видео) Како да направите леб на брз и едноставен начин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?