Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Паметни саксии кои се грижат за вашите растенија: Треба само со мобилниот да го наместите терминот за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (Фото) Паметни саксии кои се грижат за вашите растенија: Треба само со мобилниот да го наместите терминот за наводнување
Магазин

(Фото) Паметни саксии кои се грижат за вашите растенија: Треба само со мобилниот да го наместите терминот за наводнување

Последна измена: 20/01/2025 08:34
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Ако ги сакате собните растенија, а немате секогаш доволно време да им се посветите, ќе бидете воодушевени со овој нов модуларен систем за самонаводнување наречен LetPot. Станува збор за саксии кои се „малку“ попосебни од другите бидејќи имаат резервоар кој собира 20 литри вода со помош на кој растенијата имаат можност од 30 дена наводнување. Ваше е да ја користите апликацијата на вашиот мобилен телефон за да наместите кога и колку вода е потребна. Целиот систем вклучува паметна апликација, садови кои можат да се рециклираат и LED светилки за соларно полнење.

Што точно може да се одгледува во овие паметни саксии? Секое младо растение исто како и во класичните саксии, но од компанијата велат дека може да се одгледуваат и мали овошки. LetPot функционира така што еднаш се полни резервоарот за вода кој трае 30 дена што е одлично за оние кои патуваат или за оние кои понекогаш забораваат да ги наводнуваат растенијата на балконот, во градината или во станот.
„Докажано е дека собните растенија даваат придобивки за здравјето. Не само што создаваат кислород и ги отстрануваат штетните токсини, студиите покажаа дека го намалуваат нивото на стрес и го подигнуваат расположението“, изјави за странските медиуми Енди Лин, основач и извршен директор на LetPot.

LetPot има модуларен систем на садоци направени од смола отпорна на УВ зрачење, која може да се рециклира, а според потребата може и да се зголемува количината на садовите. LetPot може да се користи во затворен простор или на отворено, бидејќи контејнерите се водоотпорни и нема да избледат на сонце. LetPot има и систем на кој може да се додадат LED светла со соларно полнење. Сѐ функционира преку мобилната апликација преку која корисникот го поставува распоредот за наводнување така што секое растение може да има свој план за полевање во зависност од потребите.

Може да ви се допадне

„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Корисни совети за заштита од оси лете
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Објавени повици за набавка на приклучна механизација, заштитни мрежи, системи за наводнување и бунари и опрема за преработка на фарма
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Таг:мобилниотнаводнувањеПаметни саксиирастенијатерминот
Претходен напис Магла на неколку патни правци низ државата
Следен напис ТРАКТОР LOVOL 754  –  Моќен, Современ, Ефикасен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?