Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Отворен Божиќниот панаѓур во Брисел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ФОТО) Отворен Божиќниот панаѓур во Брисел
Магазин

(ФОТО) Отворен Божиќниот панаѓур во Брисел

Објавено 29/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Брисел од синоќа официјално започна новогодишната празнична сезона со отворање на Божиќниот панаѓур, познат како „Зимски чуда“.

Панаѓурот има за цел да го промовира културното наследство, културата и занаетчиската традиција на Брисел, овозможувајќи им на локалните занаетчии, уметници, трговци и здруженија да ги промовираат и понудат на продажба своите креации и производи.

Во рамки на Панаѓурот на неколку плоштади и улици во центарот на Брисел се поставени штандови на кои се продаваат божиќни и новогодишни украси и подароци, но и традиционални белгиски чоколада, пива, вафли и помфрит, а паралелно ќе се презентираат уметнички инсталации и ќе се одржуваат мини концерти.

Панаѓурот ќе трае до 1 јануари 2026 година, со исклучок на плоштадот „Де Брукер“, каде панаѓурските тезги ќе останат до 4 јануари.

Оваа година на плоштадот „Пуларт“ е отворено мало Божиќно село, кое има за цел на посетителите да им овозможи „гурманска пауза во топла атмосфера“ и да уживаат во слатки задоволства, топли пијалаци и панорамски поглед на Брисел.

Како дел од Панаѓурот и целата празнична атмосфера, на централниот бриселски плоштад „Гран Плаз“ е поставена природна елка висока 20 метри. Станува збор за бела смрека стара приближно 43 години.

Елката наречена „Дрво на солидарноста“ е украсена под дизајн на уметникот Жан-Пол Леспањар на начин да ја манифестира врската помеѓу традицијата, креативноста и граѓанскиот ангажман.

По завршување на празничната сезона елката ќе биде рециклирана, а нејзините украси ќе бидат продадени на аукција од која ќе се соберат средства за јавните кујни. Ваквата постапка има за цел да ја подигне свеста во јавноста против фрлањето храна.

Според бриселскиот градоначалник Филип Клоз, локалните власти оваа година сакаат да ја зајакнат врската помеѓу панаѓурот „Зимски чуда“ и потребите на луѓето од Брисел.

– Ова издание ги слави нашите населби, жители, уметници и занаетчии. Нашиот Божиќен панаѓур ќе остане популарен како и секогаш, а уште повеќе вкоренет во животот на градот, рече Клоз.

Божиќниот панаѓур во Брисел просечно привлекува по околу 4,2 милиони посетители, а на неговото минатогодишно издание беше остварен промет од околу 260 милиони евра. Годинава организаторите се надеваат дека ќе го надминат ланскиот промет.

МИА

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:БожиќенБриселотворенпанаѓур
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Следен напис Шпанија соопшти за први случаи на африканска чума кај свињи од 1994 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?