Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Мартин Гоџо го извади крстот од водите на Охридското Езеро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Мартин Гоџо го извади крстот од водите на Охридското Езеро
Агровести

(ФОТО) Мартин Гоџо го извади крстот од водите на Охридското Езеро

Објавено 19/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мартин Гоџо денеска беше најсреќен и меѓу неколкуте стотини верници успеа да го извади Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го положи поглаварот на МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан.

Ова е вторпат Гоџоски да го фати крстот, тоа со божја помош му појде од рака и во 2022 година.

– Оваа година повторно ми се посреќи прв да стигнам до Светиот крст. Ова е огромна чест за мене, за мојата фамилија, за мојата тајфа. Водата беше студена, исто како и другите години, крстот ќе си дојде за кој е пишан…Здравје, среќа и бериќет, мене на мојата тајфа, на мојата фамилија, рече Гоџо.

Него Архипископот Стефан го даруваше со библија и златно ланче со крст, додека од градоначалникот Кирил Пецаков доби икона со Свети Јован Крстител и крст изработен во филигран.

На чинот на осветувањето на езерските води и положувањето на крстот му претходеше обраќање на поглаварот на МПЦ до верниците собрани во Охрид, порачувајќи им дека со настанот на крштевањето на Исус во водите на Јордан е објавена вистината за Бога, за човекот и светот, и вистината за небото и земјата. Таа вистина, рече, е содржана во неповторливото чудо во објавената предвечна вистина за бога во света троица кое се случило на денешен ден и трае повеќе од 2000 години.

Со тоа, рече г.г. Стефан, тој ја основал големата и пресвета тајна на светото крштение, тајната преку која се спасува човечкиот род. Денешниов празник, Богојавление, вели, ги објаснува сите други празници и сите други настани и ни ја објаснува целта на христовото доаѓање како син божји, како вистински човек и бог, како вистински богочовек.

Традиционално манифестацијата по повод православниот празник Богојавление – Водици во Охрид ја следеа илјадници верници и гости, како од градот така и од останатите делови на држвата, но и пошироко.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:крстохрид
Претходен напис Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар
Следен напис Водици низ Македонија: Десетгодишниот Павел трета година по ред го фати крстот во Дебар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?