Германските фармери имаат убава претпразнична традиција – тракторската тура ја нарекуваат „Искра на надежта“ (германски: Ein Funken Hoffnung). Тие ги украсуваат своите „миленици на четири тркала“ со светла, светлечки Снешковци, Дедо Мразовци и други украси и во колона возат низ местата во нивниот регион.
Луѓето, особено децата, со задоволство го пречекуваат овој конвој во нивните села, мавтајќи им на земјоделците кои со овој гест сакаат да внесат радост во предбожиќниот период.



















Исто така, овој настан е од хуманитарен карактер кога се собираат разни донации. Годинава на поедини места биле собрани средства за родилната сала во болницата во Шпајер на југоистокот од сојузната покраина Порајње-Фалачка.
Но, „Искрата на надежта“ сака да го сврти вниманието на проблемите и потребите на домашното земјоделство, како што се немањето финансиска поддршка, проблемот со забраната за употреба на одредени пестициди и друго. Така, освен божиќни честитки, на тракторите можеа да се прочитаат и пораки како „Ако го уништите земјоделецот, вашата храна ќе биде од увоз“.
Како изгледа еден од конвоите погледнете во видеото:
